само (прил.) - пред (предл.)

А пак и таа знаеше да се носи ѓаволски! Само пред себе гледаше, никого без потреба не погледнуваше, ни муабет без потреба правеше.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Зошто само пред тебе можам да го разголам срцето без срам само на тебе можам со емоции да се предадам...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Само пред тебе сум сигурна во себе... и не можам никому да се предадам како што се предавам на тебе...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Само пред тебе сум жена... само пред тебе ја соголувам душата уморна од животот... само пред тебе ги отворам картите на судбината..
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Некои луѓе со часови стојат само пред султанската дијадема, со 84-каратен дијамант, сместена во една витрина, која заслепува со своите светлосни преливи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се шуткаше околу базата на огромниот тркалезен столб, на чиј врв статуата на Големиот Брат гледаше во небото кон југ, онаму каде што ги победи евразиските авиони ( само пред неколку години тоа беа истазиски авиони ) во Битката за Воздушниот коридор Еден.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во една пригода, во излив на отвореност и искреност, ова му се случуваше само пред Татко, кога ќе кажеше нешто што можеше скапо да го чини од што и собеседникот го обземаше немир, ќе заклучеше дека само затворот на Голи Оток можеше да го ослободи од стравот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Само пред неколку месеци, едно слично такво пајче избега преку чаршафот врз мојот хотелски кревет, на Хвар.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Но, величајќи ја вербата наша не само пред нас туку и секаде каде што одиш – во Ерусалим, Антиохија, Кипар, Мала Азија, Ефес, ги привлече на нас злобните очи на нашите душмани!
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ја имав само пред себе сликата што ја гледав додека ја работев картата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Подоцна другите слушнале како пцуе, всушност без збор ја товарел двоколката и бил намуртен колку што бил и Онисифор Мечкојад пред да се изгуби од пред нивните очи и од синот со иста обетка на увото каква што била и неговата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Носејќи ја сета бучава на својата крв в глава, сличен на подвижна карпа над која господари моќ на несопирлива вода, гледал само пред себе и сепак со секој чекор чиниш барал и каменот да му се истави од пат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ти ги испратив тебе поради твојот занесен изглед небаре без престан посматраш водени отсјаи стари карти кутии кои се отвораат само пред сведоци списи кои се даваат на реверс саркофази врз коишто светлосните зраци смртоносно се вкрстуваат.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)