само (прил.) - еден (прид.)

И покрај ваквиот исход во најзиниот случај, Ангелеска начелно е задоволна од конкретната работа на судиите, а и е пријатно изненадена од тоа што решавањето на спорот се случи на само едно рочиште.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ангелеска напоменува дека доколку за време на судскиот спор имаше повеќе рочишта, времени мерки и жалби против решенијата (што за нејзина среќа ги немаше) – во тој случај, судските такси и трошоци врз нејзе ќе делуваа дестимулирачки при самата помисла да тужи, бидејќи барањето правда во РМ стана привилегија само на богатите кои можат да си дозволат да ги платат скапите такси и трошоци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Зар, не ми веруваш дека ова е само една бесмислена забава против здодевноста.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
А пак тогаш: Сивокрилите ангели полека фатија да се источуваат пафтајќи со крилјата и упатувајќи се на запад, и наскоро одново се покажа сводот небесен што сега ја немаше својата, туку бојата на проклетството, а од силната војска се издвои само еден одред од Силата што го препокри градот во кој згаснуваше сѐ: и криците, и довикувањата, и трчаниците, и стравот на луѓето, та носејќи факли со сумпорен пламен се одвоија од јатотото и фатија да се спуштаат полека кон Градот...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кога ја доби веста, имаше чувство дека таа е во врска со настанот што го исчекуваше, за кој првите навестувања ги доби не само во Виена, туку и во шепотливо пренесуваните вести за спорадичните депортации на Евреи надвор, додуша надвор од неговата диецеза, но со една иста дестинација: Аушвиц, Полска.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Bissula (спретна, млада варварка; двоење на извор...) и Torrentius (самурај?, или само еден вжарен дел на протекувачкиот /како понорница?, или амфикарпичниот?!**/ Пандалф, што бара разладување?)!?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
На вишакот жени може да има само едно решење, а тоа се вика полиандрија или една жена да има 2 мушкараца.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
За да се извади албум требаше да се потроши време, труд, нерви и многу пари за откако сам ќе го издадеш да те начека џандар на улица и со само една казна за неносење каиш да ти отиде целата заработка од албумот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
И во следниот миг видов млаз кон мрежата; миг потем видов светлина, страотен блесок, десет илјади пати посилен од Сонцето, како очите Господови; таква светлина никогаш во животот немав видено, господине судија; светлина еднаква во сите свои делови, виолетова, облак од светлина што не е во едно време убав а во друго неубав, ниту за едни е убав а за други – не; таа светлина траеше само еден миг, кој ми се виде цела вечност, и јас знаев дека и Јан Лудвик ја гледа таа светлина од прапочетокот, и како бев вон себе, исплашена, во шок, јас бев среќна што Јан ја виде таа светлина, уште еднаш.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тежината и леснотијата на животот, сплетена во активностите на дождот и во секојдневностите на луѓето, беа само едно обично полнење и празнење на енергии и ништо повеќе и ништо помалку од тоа.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Се вратија таа есен, и за само едно годишно време се беа претвориле во прекрасни млади жени со префинето однесување, со француски фрази во кокетливиот говор, со израз на лицето кој не изразуваше збунетост и пониженост, туку една лежерна скромност и радост од животот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Извлеков само една стара фотографија од албумите – на неа бевме ние сестрите, нашите браќа и нашите родители, и ја ставив меѓу десната града и градникот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Од распаднатиот куфер го извлеков само она што не беше мое, и го ставив меѓу левата града и градникот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Им се воодушевував на моите сестри, на нивните гестови и нивните разговори.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Таа беше само една капка вода, која се тркалаше по градските сокаци... Глувонемата Кијамет... како кротка издишка.“
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ќе речат некои оти културната работа е возможна само кога има политичка слобода; без неа таа е невозможна. – Вистина, во таа забелешка има еден дел вистина, но само еден дел.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Еднаш тој дури можеше да мисли дека тоа е само едно обично запознавање, во кое можеше да биде направено и првото одмерување, или уште и првото бележење на прогонетиот и прогонувачот. Беше некоја утеха.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Околу него остануваше за сето време само еден негов круг од тоа сиво пространство, и дивината секогаш му го препушташе тоа само нему.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Еднаш нешто му просени во погледот, но тој веќе не можеше да биде сигурен дали тоа беа тие, или пак само една игра на снежната ткаеница, а веднаш потоа не беше сигурен ни дека постоело некакво просенување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
По нив остана само една црна крвава паласка во снегот и неколку расфрлани прамени волна, а уште еден раненик, кој не беше толку умен или кому му беше повредена токму таа жица од инстинктот да молчи, заминуваше со бесно и продорно аурликање кон шумата, насобирајќи ги по себе сите тие глади и раздразнувајќи ја уште повеќе со својата вкусна животворна крв стрвната сурија во сета нејзина безбожност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Има само една сина сенка, само толку сина сенка, колку по неа да може да се расплисне богатата месечина, што истечува како полн плисок заискрено бело вино од онаа огромна топка на небото, што стои на самата негова средина, како усвитен, пребликнат саан.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Набргу во тишината беа чујни дури и нивните крадешки чекори, а одвреме навреме можеше дури и да се види како по таа белина напред прострелкуваат понекаде и нивните издолжени прилики, кои се искриваа уште првиот следен миг, оставајќи во погледот само една колеблива игра на причинувањето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Језекил знаеше само една работа и над неа сега беше седнат натемаго.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој е само еден понизен роб на својата ограниченост, кој зад заклоните и преправањата го крие својот страв.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во автобусот само една баба го бакна внучето во косичка на темето и толку, без срам, со доза на гордост.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ама, има само една фалинка. Тој се однесува исто како маж Црногорец, кој не се помрднува од место, исто како оној што ќе го заглавиш со шрафцигер, па не сака ни долу, ни горе...
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во Прилеп, господине, рекла Трајана.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Останал само еден офицер, некој мајор, а тој ја прашал Трајана: Кај ја носите бомбата, госпожа?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Црвените очи на другиот изгледаа како две жарчиња. Кога ќе трепнеше, жарчињата се гаснеа. И пак изнурнуваа под клепките.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Робот има само едно право, - реков. – Да се бори за својата слобода. - не занесувај се, - подзастана изненаден црвеноокиот. – Од нас досега никој не избегал.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Поетскиот хуманизам (а тоа е чинам вистинскиот збор за она што ја покренува и усвитува прозата на Чинго) во името на кого авторот толку дискретно и толку ненаметливо прозборува за човечките судбини на својата избраздена пасквелска земја е само еден од видовите на растреперениот и честопати трауматизиран сензибилитет на модерниот човек пред сето она што таа иста современост во својот незапирен победнички настап го донесува како перспектива и ослободување но и како страв од нови опасности и беспаќа.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ќе биде тоа време на деколонизацијата во светот и нивните идоли ќе бидат водачите на ослободителните борби на своите народи како Кенијата, Лумумба, Хо Ши Мин, Бен Бела и други.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во сите почетни сукцесивни фази од почетоците на минатиот век, па сѐ до 1968 година, палестинското движење имаше само една цел: да ја ослободи татковината и да создаде независна арапска држава.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Само една мисла му се вртеше во главата: дека мора да се наоѓа на ова место подолго отколку што мислеше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Постоеше само еден единствен начин да се спаси.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Постои само еден престап, нели?“ рече тој.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Па и самиот Оддел за документација беше само еден огранок на Министерството на вистината, чија примарна задача беше не да го реконструира минатото, туку да ги снабдува жителите на Океанија со весници, филмови, книги, телекрански програми, драми, романи - со секој можен вид информација, упатство, или забава, од статуа до слоган, од лирска поема до биолошка расправа и од детски буквар до новоговорен речник.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А оваа сала со своите педесетина вработени беше само една потсекција, речиси обична ќелија, на огромната комплексност на Одделот за документација.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога стигна на местото од кое допираше вревата виде само една толпа од околу двесте или триста жени како се туркаат околу тезгите на уличните продавачи, со трагични лица, како да се проколнати патници на брод што тоне.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ужасниот замор од работата му ги беше исцедила сите сокови од телото, оставајќи зад себе само една немоќна конструкција од нерви, коски и кожа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Па и покрај тоа, ќе поднесеше да живее со неа, да не беше во прашање само еден проблем - сексот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Проловите се бесмртни, доволно е човек да фрли само еден поглед врз онаа херојска фигура долу и да не се сомнева во тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Господ е власта. Но власта засега е само еден збор, барем кога си ти во прашање.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во тоа паѓање Авни е мала попатна станица која може и да не се забележи во приквечерината на твоето паметење.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Не мораш да го разбереш и да го прифатиш ова што ти го кажувам, но запомни: слободата е слободно паѓање, самоубиство во мигот кога мислиш дека си вечен, кога мислиш дека животот го живееш онака како што секогаш си го посакувал, самоубиство без причини и последици, нешто како катарза што те исполнува со пркос и можеби затоа не бараш виновници и не осудуваш никого во тоа долго, долго паѓање што може да трае и само еден миг.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
26. СЕКОЈА БОЛЕСТ СИ ГО ИМА ЛЕКОТ - само една болест со ништо не се лечи, КАРАСЕВДА неа ја нарекол некој, КАРАПАРА - воздивни и сега ја речи...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Потиснато под вода, од Долнец остана подоцна само една куќа на едно брекче, како некој светилник на пусто море.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Од вагонот се слушаше само едно бодинање и едно Ух Ух Ах Оп, па едно плескање како кога плескаат петли наутро качени на плет и пак бодинање и она Ух Ах Ех Оп!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Таа која знае да биде потврда и од маж, одеднаш е само едно треперење над сламарницата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Туку ај по ѓаволите со јаловите сонувачи На кои ене и на билбордите им течат лиги Макар за едно само едно асолно сонче Е нема де нема секој каква што прилега сонувачка мантра Ниту му прилега на секој сон Да се вее како знаме на јарболот Пред палатата на вечните сонови Што се однесува до мене Си знам дека од пишаното не се бега Па стига ми е и сонувалникот
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Сакаш да мудруваш, сакаш да судиш но не си ни судија, а ниту Бог ти си само еден бездарник валкан и мизерен душегрижник без душа Погледни ја бесрамнику својата вина погледни го трулежот од лагата во себе погледни ја душата што тоне во празнина проклето да биде твоето семе
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
И се надеваше дека, еден ден, овој живот, нашиот, мачниот, неизвесниот, ќе се соедини со животот таму и обата живота ќе бидат само еден живот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Колку основни училишта има во Скопје? А колку во Македонија? А „Колибри“ е само едно и еднаш неделно.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Омајнина Има само еден момент кога сум-цел; кога ноќта и денот играат улична претстава- кога здрвен ко истепано куче легнувам на душекот од нашата соба здробен не сум- за момент; тогаш ме заобиколуваат најгорки дробни Виулици од чеканите на дрскиот кловн-свет; главата ми е дупка од светлина благо затемнета снегулка на дното од Охридското езеро- полумртва; има само еден дел од раздемнетата живеачка кога сум- цел;
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
- Доволно е, доволно е со смеење. Да заклучиме: значи, сѐ на сѐ пушката е составена од триесетина делови кои заедно прават само една работа. Која?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Насетував како ги прелистува последните страници на секогаш истата света книга, низ трите книги Библијата, Коранот, Талмудот, низ само една страница која завршува како свет мост, како допир на другиот во животот и отаде него...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И Никифор гледа нагоре, а ништо не гледа. Само еден куп весници „Нова Македонија“.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да му велам, чекај, ќе видиш кога ќе пораснеш, лесно е додека имаш само една наставничка, сосема друга работа е кога секој час ти доаѓаат различни наставници и кога имаш по пет – шест часа на ден, а за учење, ужас!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Главата да ти пукне.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)