Имено, со чл. 7 ст. 2 од Законот за адвокатурата се предвидува дека адвокатот може да вработува други адвокати, адвокатски стручни соработници, адвокатски приправници и работници за вршење административни и помошни работи на начин и под услови определени со закон, додека пак со чл. 27 од истиот закон, сосема контрадикторно на чл. 7, се утврдува дека адвокатскиот приправник може стручно да се оспособува заради стекнување услови за полагање на правосуден испит и самостојно вршење на адвокатската дејност и без засновање на работен однос!?
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
ЗРО = Закон за работните односи (Сл. весник на РМ – 62/2005 и 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 149/09, 16/10 ПТ, 50/10, 52/10, 124/10, 158/10 ПТ, 47/11) ЗС = Закон за стечај (Сл. весник на РМ – 34/2006 и 126/06, 84/07, 47/11) ЗСВДЛТ = Закон за самостојно вршење на дејност со личен труд (Сл. весник на СРМ – 18/1989) ЗСК = Закон за спречување на корупцијата (Сл. весник на РМ, 28/2002 и 46/04, 83/04 ПТ, 126/06, 10/08, 161/08, 145/10) ЗСС = Закон за судскиот совет на Република Македонија (Сл. весник на РМ, 60/2006 и 150/10) 314 ЗСТ = Закон за судски такси (Сл. весник на РМ – 114/2009) ЗСуд = Закон за судови (Сл. весник на РМ – 58/2006 и 35/08, 150/10) ЗТД = Закон за трговските друштва (Сл. весник на РМ – 28/2004 и 84/05, 25/07, 87/08, 42/10, 48/10, 24/11) ЗТПОК =Закон за трансформација на претпријатијата со општествен капитал (Сл. весник на РМ – 38/1993 и 48/93, 21/98, 25/99, 39/99, 81/99, 49/00, 6/02, 31/03, 38/04, 35/06, 84/07) ЗУ = Закон за установи (Сл. весник на РМ – 32/2005 и 120/05, 51/11) ИО = Извршен одбор ИТ / Извршителска тарифа = Тарифа за награда и други трошо- ци за работа на извршителите (2011) ЈЗУ = Јавна здравствена установа ЈКП = Јавно комунално претпријатие ЈП = Јавно претпријатие ЈРДП = Јавно радио-дифузно претпријатие ЈТД = Јавно трговско друштво К-15 = Регрес за годишен одмор
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во оваа сфера, со ЗРО (2005) се воведе и нов подвид на договорот за вработување – а тоа е договор за волонтерски стаж (чл. 61, ЗРО/05) – и тоа, во случаите, кога овој стаж е услов за полагање стручен испит или за самостојно вршење дејност. 11 б) Тенденцијата кон намалување на сигурноста на работното место беше засилена преку измените од април 2003.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Дванаесет години подоцна, со носењето на новиот ЗРО (2005), кај работниот однос со приправници или „чираци“ (термин кој, со право, се чини надминат, а симптоматично е тоа што за прв пат се среќава во ЗРО/05!?) – односно, со лице кое прв пат започнува да врши работи соодветни за видот и степенот на своето стручно образование и кое професионално треба да се оспособи за самостојно вршење на работата – приправничкиот стаж си остана на најмногу 17 една година, ако со закон не е поинаку определено.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
ДЕМ = Германски марки ДОЗ = Државен осигурителен завод ДОО = Друштво со ограничена одговорност ДООЕЛ = Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице ДПСУ = Друштво за промет на стоки и услуги ДСП = Движење за социјална правда ДСР = Друштво за спорт и рекреација 311 ДУТ = Друштво за угостителство и трговија ЕКЧП = Европска конвенција за човекови права (чие целосно име е: Европска конвенција за заштита на човековите права и основните слободи)
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
БиХ= Босна и Херцеговина ВД = вршител на должноста ВКВ = висококвалификуван ГЗРО = Градежно-занаетчиска работна организација ГИФИХ = грански Синдикат на графичките, информативните, филмските и вработените во хартиената индустрија ГПТУД = Градежно производно трговско услужно друштво ГСО = Градска синдикална организација ГТД = Градежно трговско друштво ГУТ = Градежно услужно друштво
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)