сега (прил.) - дојде (гл.)

Анѓа докажува дека е неспособна за работа и бара само едно: да добие пензиичка, зашто смета дека токму сега дошол моментот за тоа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Цели седум години внимавам на тебе. Сега дојде пресвртниот момент. Ќе те спасам, ќе те направам совршен.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- А ти мислиш дека човеков е сега дојден, - ми вели таа мене ставајќи ми на знаење дека роговите сум си ги имал на главата цело време додека поради верност сум се воздржувал да згрешам со оваа жена која со толкава љубов ми се подава.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Во паузата што по овие зборови ја направи, авторот си рече: Сега дојде моментот кога заради рамнотежа ќе ги репне левучарите во корист на грчката десница.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сега дојди да ја видиш Стрела.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сега дојдете кај нас, ми вели Татјана Сергеевна Перипелицина, ние имаме клуч со нас.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Е, сега дојде време кога ние децата од три до 12 години бевме протерани и така го добивме името - деца бегалци од Егејскиот дел на Македонија. Јас имав 10 години, но се сеќавам на секој детаљ од тоа патешествие.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
ПОПОТ: Многу куќи, многу работа се собра. Сега можев, сега дојдов.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Го врзаа Ламбета и сега дојде ред на Трајчета.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Кога ќе пораснеш во друго поимање ајде пак да бидеме истородни болки и ако тоа „пак“ го нема, Нурудине сине да мине докрај сѐ што иде, барем ќе се биде сега дојди петкамен да се играме во бесчас дојди среќите да си ги измислиме без нас.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)