Тој и сега мораше да го бара предметот на своите чувства, независно од тоа што станува и како станува.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Потоа дојде една непријатност и тој ја зема штичката обвиткана со памук, ја бутна под повредениот прст, сето тоа го врза со завој, размислувајќи дека овој прст поради скок преку некаква дупка или поради некој нездогледан корен, поради охолост или лекомисленост - накратко, дека, се чини, е скршен во длабока врска со текот на овој живот и со судбината, а тој сега мора да се грижи за него како за некој што е далеку или избегал, па наслушна во длабочината, каде што како во некаков момент на болка се слушна уште некој глас. Маргина 36 57
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
- Е сега морам да го разбудам. Лично го бараат од Главниот штаб.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
„А сега морам да одам“, рече штом тој ги запамети упатствата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Откако ги изложивме двете спротиставени тврдења на мултикултурализмот и на неговите непријатели, сега мораме да ја расчистиме улогата на интелектуалците. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 11
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Зарем не беше запишано на паноата тоа што сакаа да ни се порача, во списоците за убиените свештеници и верници, па сега мораат и гласно да се читаат овие имиња, да се коментираат нивните дела, со различна интонација на гласот, во зависност вината.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Одмавна со рака. „Не“, за`ржа. „Ви реков, ќе дојдам по вас. Сега морам да бидам малку сам.“
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Никогаш во животот не сакав да пијам лекарства за смирување, но сега морав.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Пука устата од лутина, од бес, пука срцето. Јас сега морав да решам.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
- Сега морам да си одам, а кога ќе дојдам пак, ќе ми раскажуваш за волците.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тоа препукна во него и тој сега мораше со нив да прави нешто, мораше да ги изгуби за едно извесно време, да ги изработи, да ги измори за да го остават мирен, па колку безмислено и да беше тоа пусто префрлање на камчиштата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Некоја евтина научна фантастика или полусајберпанк, колку што се сеќава: Проект на парк од соништа, да го наречеме, од каде што и понатаму низ годините до него допираат одломки: Алура, нивната привлечна придружничка низ пештерите, го повлече Фред за ракав и рече: „Сега морате да заминете!“
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Откако набрзина испив неколку голтки од белото кафе, продолжив: - Јас сега морам да одам во амбасадата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
„Сега морам да завршам една итна работа,“ и ми намигна, па со една девојка, која сигурно ја имаше запознаено овде, во толпата, тргна кон грмушките на крајот од паркот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Јас продолжив да го барам брат ми меѓу луѓето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
- А сега морам да одам, ќе ме бара мама.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Вели: „Сиромавиот никаде нема роднини“ , велеше Лазор Ночески и стана што стана на бродот, а бродот не го пуштаат одоздола, од кај нас, имало војски, имало војни, а таму ни рекоа дека сѐ е ослободено, сега мораме да вртиме околнаокол, откај Црно Море, откај Бугарија, прпа, прпа, допаткавме до Бугарија,
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)