Пред да го удриш топчето секако треба да знаеш до кои далечини може да те однесе ветрот сосе болката во душата.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Тоа секако треба да се случи пред другите држави од регионот да почнат тоа да го прават.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Брзајќи и без многу зборови го напуштив. Утредента тој секако требаше да замине на одмор некаде во Германија или кој знае каде, па така не се ни потрудив многу да се збогуваме.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Овој врел и мрачен гроб среде пустината или она што секако треба да е минатост, минатост што така дрско продира во него и го напушта тогаш кога му е најпотребна.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Седнав на масата над оној бел лист хартија што ме обврзуваше, што не смеев да го напуштам и да ја прекршам мојата нема заклетва на верност, и бавно и болно зедов да го пишувам пак она што веќе го спомнав, а кое божем секако треба да биде запишано: “Утрото станав и побрзав кон бунарот за сега денски, спокојно, на болскотот од сонцето, да видам како се мрешка водата и како мојот лик се топи во тие нежни бранчиња.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Секако треба да е средината на декември 1951 година.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Во прво време секако треба да стигне вест во Македонија дека дедото Костадин, кој им овозможи на многумина да се вратат во дирата на дедовците, е веќе кај дедо Господ и ич да не се сакалдисува баба Петра оти на тој свет е испратен со сите почести, дури и со биење на камбана како што доликува во христијанскиот свет!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)