секако (прил.) - ѝ (зам.)

Секако ѝ било смешно или одвратно да се огледува во голите полжави за кои акробатот се колнел дека се очи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Како и да е на една опитна и достоинствена коала Која била на аудиенција и кај Римскиот Папа Секако ѝ прилега да верува дека толку време не сонувала попусто Сеедно што севезден се распространува општењето во здрав разум И што еукалиптусите сѐ повеќе се наврнати од кисели дождови.
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Добивката од овој спор Вујошевиќ не ја гледа во исплатата на платите – бидејќи тие секако ѝ следуваат за сѐ она што го сработила тој период.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Лора вака размислуваше откако ги исчита сите фројдовско - јунговски концепти за животот, а на тоа секако ѝ помогна вајнингеровата анализа за полот и карактерот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Ниту една од странките не покрена жалбена постапка пред второстепениот суд, а немаше потреба ниту од изрекување на било каква времена мерка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Рада знаеше дека ова е само куртоазен комплимент на отворена сцена, но секако ѝ годеше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)