Навистина ја излажа (нејзе ја подлажа, а себеси се пофали) кога ѝ рече дека и самиот бил таков на нагови години, зашто татко му беше строг и секогаш бараше да му се кажува каде се движи, со кого се дружи и зошто задоцнува; а и режимот на животот по војната беше таков што градот рано потонуваше во мрак и немаше ноќни локали, освен одбивното бифе на железничката станица.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Мојот познаник сликар и јас секогаш бараме евтини ресторани.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Бојан секогаш на ист начин ги доживуваше приказните за Волчарот, во своите мисли тој го градеше неговиот бестрашен, кралимарковски лик и секогаш бараше одново да му се раскажува за него.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Беше тоа една комична претстава во која противпожарното редарство од нас секогаш бараше нешто ново.“
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Така, Татко секогаш бараше нови аргументи како да го оправда наредниот бег.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Мозокот како и секогаш бараше добра преокупација, а притоа во мене сѐ уште стоеше долгогодишната навика секој ден да одам на работа и тоа токму таква која целосно го исцрпува телото и умот.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)