Според Саркањац, пасивната страна на идеологијата (идеологијата сфатена како духовен израз на една општествена ситуација, како “дух на времето”, како “одраз, отслик на објективната 107 стварност”, “историски определен рефлекс на стварноста”, како систем на идеи кој го изразува светогледот на една определена група на луѓе), и активната страна на идеологијата (“нејзиниот платоновско-хегеловски карактер на систем на идеи кој законите на умот сака да ѝ ги наметне на општествената стварност”, идеологија која “секогаш понудува (или принудува на) определена цел”) , во никој случај не треба да се мешаат.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)