Размислувањата за козите сакаше да ги сврзе со сознанијата што ги собираше за јаничарите, тој вечен ешалон на сите балкански империи, но секогаш присутен под друго име.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
А потоа тука беше и таа секогаш присутна сенка на претходникот на Цви, чуварот на архирабинската столица, оној обзирен рабин Хаим Хабиб што и двајцата не го сакаа можеби поради неговата вечна љубезност и секако поради тоа што многумина во заедницата го сметаа за неофицијален главен рабин.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Во секој случај, уметноста поттикната со дроги не е автентична и спонтана форма на уметност и при тоа не треба да занемариме уште еден факт: дека меѓу уметниците има многумина кои се премногу слаби за такви психички авантури, со оглед на своите личности и општествената неускладеност, без оглед на талентот кој го поседуваат, поради секогаш присутниот ризик да лизнат во лудило.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Така почнаа да го критикуваат по весниците, само година дена по неговото соединување на архирабинската столица.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Трагајќи по зборовите кои требаше со присила да исчезнат од домашните речници, по зборовите во кои сѐ уште живуркаше минатото, по зборовите кои требаше да покажат дали минатото на некој начин минува низ сегашноста, дали е сѐ секогаш присутно?
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тоа е менливоста, помислив, Наизглед нечујно, а секогаш присутна.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Испраќањето на докторската теза на сестра ми имаше за непредвидлива последица да дознаам дека е секогаш присутна крај вас што ме исполнува со особено задоволство.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)