Екстатичната практика на еротскиот восхит, во комбинација со очајот по сексуално задоволство, создава посебен однос кон предметите по кои се копнее што е карактеристичен за машката геј-култура: однос на страсно, но оддалечено созерцание, кое истовремено е и критичко и идеалистичко.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зашто задоцнетиот пристап до сексуалните предмети, без разлика колку се многубројни и гламурозни, тешко можат да го премостат долготрајниот јаз помеѓу мечтата и стварноста во потребата за еротско задоволство. (А тоа е причината поради која недобројните можности за сексуално задоволство и љубов што ни ги нуди геј-ослободувањето не довеле до изумирање на порнографската индустрија, туку до нејзина хипертрофична експанзија.) Штом самата можност да го „добиеш она што го сакаш“ ќе се препушти на доменот на мечтата, еротската исполнетост неминовно добива хиперболични размери, излегува од кругот на остварливото и станува нераскинливо сврзана со невозможниот занес.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зашто невозможниот, а совршен предмет побудува еден мошне особен вид желба.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Развлеченото искуство на еротската немаштија што нужно и болно го доживуваат сите геј-мажи што растат во стрејт-општество го претвора обичното остварување на обичната хомосексуална желба во некаква недостижна фантазија – каква што честопати останува дури и кога, понатаму во животот, паланчанчето ќе се пресели во некое геј-градиште каде што сексуалното остварување на неговите претходни еротски сонувалства на крајот излегува детска играчка.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)