Толку чудесно се усогласија што во хотелската соба се вратија по затворањето на ресторанот, ни едниот ни другиот не знаеа кога заспале и кога, кој знае во колку часот се разбудија, продолжија да водат љубов така што го пропуштија појадокот и од собата излегоа дури околу еден попладне, кога сериозно огладнеа.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)