Лотаријата, со нејзините неделни исплати на огромни награди, беше единствениот јавен настан на кој проловите му посветуваа сериозно внимание.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ова им овозможи да привлечат сериозно внимание, па и финансиски средства.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
„Да не случајно ви завршиле парите, а пак не сакаше да кажеш?“ - го прашал Гарванов преправајќи се како да не и обрнува сериозно внимание на изјавата на Орце.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Копањето на каналот во 1900 година и гемиџиското раздвижување во Солун не му го привлекло сериозно вниманието на ЦК и не создало никакви проблеми во односите меѓу ЦК и гемиџиите.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Меѓутоа, постои постепена акумулација на фактите кои ја потврдуваат валидноста на аргументот дека околината има позитивни ефекти и заслужува сериозно внимание.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Притоа, Попоски особено е заинтересиран за уметничките стратегии на интервенција и субверзија.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Посветувајќи сериозно внимание на теоријата на Хабермас за јавната сфера и на дискурсот на Лефевр за производството на просторот, Попоски со право ја издвојува важноста на јавната сфера како борба за простор за претставување, простор којшто претставува основа на политичкото и можноста за политиката.“
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
На пример, најголем број од работниците воопшто не знаеја дека, во случај да останат без работа, може да им следува паричен на- доместок, по основ на привремена невработеност, којшто го зе- маат преку АВРМ – но кој не им го дава државата како некаква милостина, туку затоа што тие самите, од своите плати, додека биле вработени одвојувале за него.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Исто така, голем дел од нив воопшто не знаеја дека исплатата на испратнината, при прогласувањето за технолошки вишок, е обврска на работодавачот, а не на државата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ова навистина се битни прашања кои заслужуваат сериозно внимание и за кои е неопходно, во блиска иднина, заедно со работниците и нивните синдикални „ќелии“, здруженија или неформални групи да поработиме на т.н. синдикално образование, односно на работничка трудовоправна едукација преку разни форми кои ќе ги оцениме како погодни (перманентни предавања, серија трибини, периодични семинари, кампови, школи; како и преку книги, брошури, флаери, списанија и сл.).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)