Тој сигурно ги читаше нивните мисли успевајќи неколкумина и да смири со трпеливиот поглед.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Лошото и овој пат сигурно ги одминало, си помисли...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Од сликата се гледа дека не биле обични војници, а медалите сигурно ги добиле за својата храброст.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Татко ми сигурно ги насетува моите мисли и ја чувствува мојата осуда, што ниту со еден збор ништо не ми кажа што зборуваат потајно со тетка Рајна. Се криеја од мене.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
- Караман сигурно ги има. - Па ќе ги исчистиме, ако има... ***
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Со копачи ги испокинавме жиците што се протегаа од ѕидот зад неа и ја поеја со струја.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Непроменлива во движењето, матицата ги повлече. Бавно и сепак сигурно ги носеше кон море на кое никогаш не ќе му го знаеме името.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Сигурно ги потерале понагоре, си велиме, и кренавме раце.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тој, попладнето на 7 декември, му телефонирал на Рузвелт, при што Рузвелт истакнал: „...сега и двајцата сме во истиот брод", на што Черчил одговорил: “...тоа сигурно ги симплифицира работите".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Среќните мигови од љубовта со Јана, Самоников сигурно ги сметаше за заминати.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Прекинот со Сталина сигурно ги смекна нашите стратези на козјото прашање и на социјализмот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Сигурно ги истенчил усните, ги набрал веѓите, премолчил пред оној кој му го кажал тоа, решил во себе: - Ќе ми платиш! ***
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
„Д., претпоставувам, не е сосема луд, па ако не е, сигурно ги предвидел нападите како нешто што се подразбира самото по себе.“
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Сигурно ги скокотка водата и грагорат штом толку скокаат војниците на песокта.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)