Можеби тоа дете пошло да ја бара мајката, проклет да бидам, можеби пошло по својата мајка. Потоа го нашле во полето, во една нива кога сосема се истопил снегот, некој орач во орањето, лежело наземи како некоја малечка птица со склопени крилја, падната, сигурно убиена од северниот ветар.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)