симултано (прил.) - ги (зам.)

Налик на кинематографски Џенифер Бартлет (Jenifer Bartlett), Гринавеј поставува секоја можна варијација на темата вода, од најлитерарна до најапстрактна, за да создаде кумулативен ефект. (...) Иако ниту една не е експлицитно прикажана, Гринавејовата реинтер­претација на “Бура” содржи три суштински нови идеи. (Сите се објаснети во придружната книга, исто така насловена “Книгите на Просперо”, којашто се смета за иконографски толкувач на филмот.) Првата е да се прикаже Просперо како еден вид драмски писател со натприродни способности, којшто симултано ги пишува дијалозите, ги одигрува сопствените делови и деловите на другите и ја произведува акцијата во филмот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)