Татко ѝ беше толку многу зафатен со работа, што таа скоро не го видуваше ниту еднаш неделно и тоа ако појдеше кај нив.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Сенките скоро не можеле да им се забележат во жолтеникавата полегнатост на тревата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Стапалото од левата нога скоро не го чувствува.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Братучедите стрпливо чекаа избегнувајќи да се загледуваат околу себе за да не видат нешто што не смеат зашто стражарот што беше пред порта скоро не тргаше очи од нив.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Тие чекале со скаменети лица дали не ќе ја доловат од далечина песната на невидливиот гавран.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)