скришум (прил.) - погледнува (гл.)

Скришум погледнува кон жените меѓу кои седи и Ристана. По мажот сите ја викаат Крстовица.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Го видов од пенџерчето кога влегуваше во дворот. - Се слушна гласот на една од жените.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Секогаш се врти околу командата, нешто шепоти, скришум погледнува, покажува со очи... Честопати е болен.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На едната страна уште незакопани се партизаните, а на другата страна веќе ги закопуваат војниците...“
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Му реков: - Тука нема никој од нашето село... - и почнав да липам.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)