Гледам и другарите тоа го прават: жулат со челото на дланките пред себе и скришум ги бришат замаглените очи.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Недостигот на цигари, кој привремено беше решен уште во првите денови преку една од болничарките која скришум ги продаваше според цената на златото, повторно почна да ја мачи кога ги потроши малкуте пари што ги имаше.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ставаше во голема каца зелка, зелка што алтан не ѝ беше рамен, а во земјени ќупчиња и разни туршии и речели, направени со тикви, шира, дуњи и мушмули, а од свинското што не смееше да се продава по касапниците, зашто и касапите беа само Турци, Тодора нареди да се направат пастрма и суџуци, та кога скришум ги направија со неговите три жени, скришум и ги пренесоа есента со товарни добичиња од селото в град.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
По кои патишта Ти се насели во мене – јас не знам: како кученце свиткано в ноѕе скришум ги подотвораш очите и при секоја моја помисла на нешто се стресуваш набере пролетни грмотевици низ коски Ти лазат.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Ќе се фрлиш за прв пат
главечки, ќе пливаш само за себе
butterfly, ќе плуташ, ќе нуркаш
оддалеченоста од брегот ќе ја одмеруваш
по пробивот на сонцето, ако го има
по работата на срцето
по подноктиците
перките и алгите
по трагите од морските пци
ќе ја унапредуваш техниката
отскок на површината
во последен миг
неверна кон сѐ
кон животот посебно:
ќе палиш огин и ќе голташ жар и пепел
во ждрелата на оние кои во тебе гледаат
неидентифициран плод, увод во гревот
зашто другите, одбраните, некаде далеку
ѕемнат во истите ноќи, подоткриени
јазикот го вадат од мрзеливи легални усни
и скришум ги бришат своите
благоглаголливи:
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Многу од затвореничките остануваа будни цела ноќ, исто како и Марија, но не се осудуваа на ништо, бидејќи ноќната болничарка ја чуваше главната порта заклучена со синџири и катинар.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)