Молкум и скришум од куршум си ја браневме љубовта.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Што најдуваа, може само да се претполага, зашто тие копаа скришум од жителите на Потковицата, забранувајќи им, со џандари, и да приѕнат на Градиште.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Секогаш кога ќе одеа нашинци во Белград, за да служат војници, или за да работат, или за да се лечат кај тамошните доктори, тој секогаш, скришум од своите, молејќи се никој да не дознае за тоа ги поздравуваше Благуна и Видана и им пушташе, колку за здравоживо, по некоја пара.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
А кога во пролетта во 1939-та Акиноските му пишаа дека Благуна умрела и дека тие се се готват Видана нејзин да го донесат во Потковицата, па ако не сака тој, како сој, да го прими кај себе, тие ќе го задржат на својот имот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Каде да ја најдат? Па таа цело време се крие по планињето и само ноќе поминува низ селата колку за да се најаде и да се стопли и наспие и тоа секогаш го прави скришум од народот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
А кога измина сиот тој пламен, оставајќи по себе миризба на испрелена волна од неговото облекло и искрички, што шетаат по изгорените лисја гаснејќи, тој можеше да открие дека пламенот беше го зафатил скришум од него целиот пар, на кого беше запален, и сега веќе требаше многу мака за да го задржи во рацете сето тоа затлеано, трпеливо горење.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)