Не мораш да го разбереш и да го прифатиш ова што ти го кажувам, но запомни: слободата е слободно паѓање, самоубиство во мигот кога мислиш дека си вечен, кога мислиш дека животот го живееш онака како што секогаш си го посакувал, самоубиство без причини и последици, нешто како катарза што те исполнува со пркос и можеби затоа не бараш виновници и не осудуваш никого во тоа долго, долго паѓање што може да трае и само еден миг.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ние ја приграбивме слободата неконтролирано од самите себе, без самоконтрола, ја приграбивме слободата што им припаѓаше и на други, слободата што требаше да ја споделиме со другите.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Во тоа паѓање Авни е мала попатна станица која може и да не се забележи во приквечерината на твоето паметење.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Тоа е слободата како слободно паѓање без самоконтрола и контрола на другите.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
3. Забрането празно во празнина Забранета празнина во мазното Забранети еднороги меѓу еднооки Забрането колвање на зборот Забрането качување по јаже Забрането копање во гробишта Забрането солење на потта Забранета пот под јазикот Забранет шум меѓу трските Забранет чекор кон небиднина Забранета иднина на листот в есен Забрането плукање на јавни места Забранет топломер во топлина Забранета магла во ветар Забранет ветар пред метла Забрането слободно паѓање Забранета забрана за забрани Забранет зборот непреќутен, зборен Забрането гракање според „Неверморе!“
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)