Врати се, остави еден бисер на дното, случајно или намерно, остави запалена свеќа која не гори.
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
И да не заборавам. Секогаш и тоа задолжително мора да се проверува, случајно или од невнимание, да не остани во лежиштето фишек.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
А знаеја дека таму некаде е фронтот, две војски една спроти друга и поради тоа толку многу ќутеа што им се чинеше дека секој момент може некој топ случајно или намерно да згрми и да ги преплаши.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Случајно или не, на крајот им се судрија погледите.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Снежана случајно или намерно повторно се наврати на прашањето од почетокот на разговорот: - Јана, те прашав, но не го разбрав одговорот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Во потрагата по Томо случајно или намерно, веќе беа вклучени поголем број луѓе.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
На моите сонца за три светови На еден изгрев и на вербата во Бога, кој, случајно или намерно, ги вкрстува шините на возовите во кои патуваат само добри луѓе кои, ете, навистина постојат!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Случајно или заради украс, на неговата долга брада лежеше закачено со штипка живо ракче.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
И им посакувам да бидат присутни тука на земската софра доволно долго за да можат да ги поправат сите грешки што ги направиле ненамерно или намерно, случајно или смислено, принудени или не... и при тоа ги повредиле своите блиски.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Но, најмногу уживаше во квечерините во неговиот дуќан.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Јехуда пак мислеше на неа по цел ден. Се радуваше кога ќе ја сретнеше случајно или кога ќе ја посетеше дома, во присуство на родителите.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Исто така, за прв пат, се предвиде можноста наместо отказен рок да се исплати паричен надоместок (чл. 90, ЗРО/05) – а, случајно или намерно, беше избришана експлицитната одредба која предвидуваше дека, за времетраењето на отказниот рок, работникот има права и обврски од работен однос (чл. 127, ЗРО/03 – Пречистен текст).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Но на сето тоа му дојде крај, кога еднаш жена му на Оруш, случајно или намерно дојде во плевната; виде дека вратата е одвнатре заклучена, ѕирна низ цеповите и ги забележа на сеното.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)