Согласно ЗПИО од 1993 година, лицата со преостаната работна способност имаа право на неколку надоместоци: а) надоместок на плата од денот на настанувањето на инвалидноста до денот на распоредувањето или вработувањето на друга соодветна работа, или до упатување на преквалификација или доквалификација; б) надоместок на плата за време на преквалификацијата или доквалификацијата; в) надоместок на плата од денот на завршената преквалификација или доквалификација до денот на распоредувањето, или вработувањето на друго соодветно работно место; г) надоместок на плата поради работа со скратено работно време и д) надоместок поради помала плата на друго работно место (чл. 54, ЗПИО).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Во 1997 година беше намалена висината на надоместоците на платата кои се исплатуваат од денот на настанувањето на инвалидноста, за време на преквалификација/до- квалификација и до денот на распоредувањето или вработувањето на друго соодветно работно место.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)