сосем (прил.) - ги (зам.)

Библиотекарот Филип Филиповски скока, мавта со раце во воздух, ги брани ретките книги од наездата, но попусто: сите книги се уништени, дури и уникатите, без страници во црните стари корици.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Невремето дојде толку ненадејно и толку жестоко, што сосем ги изненади луѓето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Инаку, сите биле добри ученици, но тоа “ќе се арчиме“ сосем ги преокупирало и нивните мисли, ги пренасочило кон револуционерна акција.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
На кои, како на семејната фотографија со тетка Рашела, загледани оттаму во тебе, иако веќе сосем ги нема, сите се, одново, тука, заедно, на број.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Наместа снегот, натрупан по дебелите стебла и гранките на буките, сосем ги скриваше дрвјата, некаде пак каде што тој не навеал добро или се одронил пред време, се покажуваше црнилото на испреплетените стебла и гранки.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Пријателот на Филип Филиповски се насмевнува. „Ништо, ништо не значи тоа.“ Вели.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Влетуваат низ отворениот прозорец на библиотеката, се нафрлуваат врз книгите по полиците и ги подјадуваат; грицкаат со малите, остри невидливи запчиња и сосем ги покриваат книгите со телцата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)