Дури на моменти ми се чинеше дека ако и татко ѝ сосем го немаше ќе ѝ беше полесно.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Напред јаваше Блаже на своето ниско, набиено магаренце. Него папратта сосем го скриваше.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Се разбира, не го сторив делото што од мене се бараше, иако уката на Лествичникот за криење на украдени нешта сосем го згрози срцето мое и ми ја извалка душата, со самото тоа што ја слушнав.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Напорот на кој се изложи, сосем го исцрпе.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Телето сосем го изуми. А и по она што му го рече чичко Добре, изгуби секаква надеж дека ќе го пронајде.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Мајка му на Хелвиг не можеше да поверува дека Марша сосем го зеде под своја команда.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Сега, ова писмо, сосем го уплаши...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Засилени од бледилото и цврстината на држењето, ненадејните промени на нејзиното тело сосем го замелушуваа.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Молкот меѓу зборовите сосем го дотолчи.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Пумпаше, се плискаше со водата и ја истриваше кожата, сѐ додека не му се стори дека мирисот на Ребека сосем го снема од него.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Бројката сосем го обзема, му поигрува во главата, му прелева врелина и пот, па тогаш со сигурност и со нетрпение почнува да пресметува: најважно и најпрво ќе направи куќа.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Петрович, навистина, по саботата, сосем го беше искосил окото, главата ја држеше наведната надолу и беше мамурлија; но и покрај сето тоа, само што дозна во што е работата, како да го штрекнал ѓаволот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)