Турците, исплашени, нешто од претсказанието, нешто од насилството над нив, уште пред и да почне востанието во 1903, почнаа да им ги продаваат чифлизите на христијаните и да си заминуваат во Прилеп и Битола, а сојузничките и меѓусојузничките војни и првата Голема војна, Светската, што дојде по нив, сосема ги испадија од Потковицата и сите поблиски села.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Долго по него, тука наоколу, се расфрлаа неговите коски, но и нив земјата, невремето, ѕверовите и последната Голема војна сосема ги уништија.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Сега, меѓутоа, од пред десетина и повеќе години, ѕвонот на чакарки и клопотарци, веселите овчарски довикувања и свиралки и лавежот на кучињата сосема ги нема на овие питоми голини, па човек не може, кога ќе се загледа по нив, да не почувствува како го поплавува некоја тивка жал, што доаѓа оддалеку, оттогаш, од тие одамнешни и мили времиња, кога луѓето трпеа и живо се бунтуваа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Поради него, поради Акиноскиот што молел тука, кладенецот го завикале, а и ден-денеска така го викаат, Молитвена Вода.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ама кога нивните гласови сосема ги снема, ѝ се пристори дека во мракот е сосема изгубена.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Јас веќе сосема ги имав пленето сите во класот со мојата уметност на разбојот, и бидејќи изведував секакви вратоломни фигури на разбојот, бев еден вид општ херој (освен за Луција, која од инает не ми посветуваше никакво внимание; јас веќе реков дека тој инает тогаш не го сфатив онака како што требаше, како маскирана наклонетост, оти бев во бестрага чесен и неупатен во општествено верификуваните ритуали на маскирање на чувствата, па за мене инаетот значеше – инает и ништо повеќе).
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Сосема ги бев изумил станарите на мојата топола. Не е случајно тоа.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Обично забораваме на отсутниот, иако со години живеел со нас.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ни од спалната немаше што да излегуваш.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
„И не е работата само во тоа што гејовите висат по стрејт-барови; некои сосема ги избегнуваат баровите, па си наоѓаат партнери на интернет или преку локатори на апликации за смартфони како што се Грајндер, Крашр (Qrushr) и Скраф (Scruff).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
„Во 2007 г. списанието Ентрепренур ги стави геј-баровите на списокот дејности на кои им се заканува изумирање, заедно со продавниците за плочи и со телефонските говорници“, забележува Џун Томас.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Томас проценува дека „бројот на геј-барови (во поголемите градови) се намалил од врвовите достигнати во 1970-тите...
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Геј-животот стана рај за агорафобичните.
Интернетот го докрајчи уништувањето на невиртуелната комерцијална геј-инфраструктура.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
По првата прошетка по територијата на стопанството, тој не само што сосема ги заборави предупредувањата на Чана и Митра дека е опасно сам да шета колку на страната на големата река, толку и на страната на каналот, туку следните негови истражувачки походи беа по внатрешноста на Острово во потрага по слатки плодови.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
- Па, што дека си Дедо Мраз – се поднасмеа лишавото лице на чпртавкото на кое ситните црни очички испиени од слепоочниците сосема ги снема – за мене името ништо не значи.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
За секоја сигурност, продолжив да одам уште два-триста метра, направив еден голем круг околу мини-маркетот и откако се уверив, дека сосема ги заметнав трагите дојдов пред “мојата” зграда).
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)