сосема (прил.) - сам (прид.)

Сред вревата Јаким остана сам на докот. Сосема сам...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Есени, таа сосема сама. квечерина стои крај прозорец, пие чај и се сеќава на последната екскурзија.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Есени, таа сосема сама, и како почнува да роси - таа ја затвора книгата. --- *
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Можеби таа сила што ме поттурнуваше не беа прсти или рака туку желбата или потребата над која немав контрола.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Често имам помислувано дека во нејзината куќа, во планината можеле да наминат волци; можеле и разбојници да се втурнат; но во времето на војната можел да намине само понекој херој за да си ја згрее смрзнатата снага.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Еве, и тоа го велам а можам и да додадам дека ако не живееше горе, дури под Сина Скала, сосема сама и издвоена од луѓето, јас ќе најдев начин да ги совладам нашите недоразбирања и да ѝ се приближам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност некои прсти ме имаа фатено за рамото и ме туркаа кон собата во која ти го беше поминала сосема сама поголемиот дел од твојата последна ноќ.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Остана Невена сосема сама, повеќе гладна отколку сита, но сè така чиста, прозрачна и надежна.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сакаше сосема сам да бидеш во ноќта...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Ги слушаше како завиваат од двете нивни волчешки посоки, останат сам и увиснат, загледан во својата падната пушка во снегот под себе, токму на она место, каде што само до неодамна стоеше неговиот мршар, сега сосема сам, и сега дури и без него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сѐ наоколу исчезнуваше во некакво оловно сенеење, а тие во него остануваа сосема сами.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега беа тројца во оваа собичка, а само по малку двајцата ќе си заминат по тој врнеж, а едниот ќе остане тука сосема сам среде таа дивина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Останав сама, сосема сама.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Помисли колку беше осамена. Значи, замина тетка ми сама од светот во кој живееше сосема сама, помисли.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ми помага само со сенката. Оти сенката иди со мене, по мене. Не ме остава да бидам сосема сам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Лазаме сите. Значи не ќе да сум сосема сам. Со мене пак идат мртвите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Жари: „Во една прилика посматрав“, вели Батибиус, „еден идиот ... (кој) се беше оддал без прекин на сексуален акт. Но... сосема сам... што многу кажува“.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Пишувам ново четиво. Ново поглавје , дел од него. Но не можам сосема сама..
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Тивко паѓа ситен дожд темна ноќ, а јас сум сосема сама... се плашам од тишината на мислата во мене..
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Потоа клопчето мигум се размотуваше и секој одделно сосема сам појадуваше по некаков свој правец.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Жегата се лепеше за мене, сама, сосема сама во пејзажот, од левата страна езерото, од другата планината која се издигаше горе до Гупешкиот манастир за којшто веќе имав слушнато.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Пелагија открива дека ѝ е мило што не останува сосема сама во селото, дека овие луѓе околу неа, тешки од болка и достага, се всушност нејзина радост.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Можевме да бидеме поспокојни од сознанието дека Мајка не беше сосема сама и, така, навидум, можевме да си ја смириме совеста.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
1. Скриен во сонет како во сонот, Римуван, а неразбран, На пусија дочекан, гонет Од стин и троглави змии, Занесен, во сонот изгубен, сет Изѕемнет, поцрнет од рими, Од своите луди посестрими И од аждери- ѕверки, душодерки; Сонет, недосонет, буден Слуден и студен од мори, Сосема сам, над димни гори, Фатен во тешко оро Со студот и со зборот, Од темни ноќи, до бели зори.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Сѐ уште во бунило, пробаш да ја замислиш потем да ја визуелизираш сопствената аура. Изгледа ноќта не си била сосема сама додека си ги преоѓала праговите на сонот одвнатре и однадвор.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И тогаш, сосема сама, наидуваше последната кола.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Мечката Мирна била доста стара и живеела сосема сама.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Геа, со раскошни гради, мајка на сите створенија... била сосема сама по себе уроборос... змија која ја гризе својата сопствена опашка, алфа и омега...
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Моментално стоев сосема сама на работ од планетата.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Вистинската антиархитектура, не онаа од Акросант, Аризона, која ги обединува сите меки технологии во срцето на пустината - туку, онаа, дивата, нечовечната тука, во Њујорк, се создала сосема сама и не земајќи ги в предвид домот, добросостојбата или идеалната екологија.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Сите ѝ се испоумрени и живее сосема сама.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ако јас се предадев кога останав сосема сама зар ќе ја доживеев оваа среќа да имам и ќерка и внука како замена за моите?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
За жал, ми се чини дека на моменти поради тоа останувам сосема сама. Смешно, но вистинито.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Но колку и да ги терав мислите да бидат разумни и поврзани, не ми успеваше.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сакав да останам сосема сама и на мира уште еднаш да размислам за сето тоа што ми се случуваше дента.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ќе уживам без нив, си велев, раат ќе бидам, што сакам ќе си правам...
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Јас порано никогаш не останував сосема сама дома ако тие тројцата заминуваа, но сега тоа го можев и го посакував.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)