Кога би било некое питомо живинче, - мислеше сега, сосема слободен и како избеган од некоја стапица во себе, наеднаш наполно лесен и радосен со таа своја ослободеност, - кога би било некое питомо јаренце, мислеше, што си го израснал самиот, тогаш е нешто сосема поинакво и тогаш сигурно би можел.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Дали е окован со пранги и замандален во ќелијата на својот живот, или пак е сосема слободен да го премине неговиот праг и да замине од него?
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)