И секогаш имав чувство дека можам спокојно да потонам во нив.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Суеверно веруваше дека тоа треба да се стори во време кога ништо друго по дома ќе нема што да прави и кога вистински ќе му се посака спокојно да се посвети само на тоа.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Обид Се обидувам да ги наредам боите на виножитото во твоите очи... наутро жолтата да ме буди како сонцето, напладне црвената да ми дава живост, попладне зелената да ми го смирува уморот, а навечер сината да ме потсетува на залезот во синилата на морето, да можам спокојно да заспијам...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Никој друг од балканските народи немаше така спокојно да гледа на запустувањето на еден крај, каде што има негови сонародници.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)