Може, уверен во својата праведност, хранел надеж дека ќе го смилостиви бога да го земе во заштита неговото семејство, може оти верувал дека ќе окае некој грев, во незнаење сторен, па тогашните жители на Потковицата две недели пред злосторот и цела година потоа, и по бел ден и среде ноќ, ги слушаа неговите лелеци, неговите клетви и молитви.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Се будеше среде ноќ. Се стресуваше во сонот. Лоши соништа не ја оставаа да спие...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Се плашеше да не го оставам среде ноќ... Ужасно изгледаше! Сам, умираше од страв... Да му се сневиди.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Во тие денови не едно од децата туку ќе се штрекне среде ноќ, туку ќе скокне од креветот, зар мислите се виѓаваше во каква жалосна состојба се наоѓа, - просто го тера нешто и тој летајќи излегува од спалната. Птица.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Може ли да не го запишеш крикот На птицата, полноќницата? Ајде, оглуши се, задуши се Со него, среде ноќта, темницата?
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Вистина е дека ни беше голема просторијата за спиење... А сега огромна...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)