Всушност, строго гледано, наводниците и прикачениот материјал не се неопходни.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Тие зависат од веќе постојните културни облици, кои им даваат општествен авторитет и заштитна камуфлажа, па нив главнотековната култура лесно ги запоседнува, но претставуваат и значајни дострели на настраниот израз и животворни извори за обликување и за разработка на геј-идентитетот – речиси библии на геј-постоењето.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
За разлика од нив, дрегот, кампот и разните културни присвојувања и идентификации се, строго гледано, поткултурни практики, доколку се во зависен, вторичен сооднос со претходните негеј-културни облици на кои реагираат и на кои им го должат самото свое постоење – какви што се општествените норми за мажественоста и женственоста, сериозната професија политичар, автентичните идентитети и емоции, главнотековните ликови како Џуди Гарланд или Џоан Крафорд и главнотековните естетски или општествени практики, од операта, бродвејските мјузикли, сентименталните песни и популарната музика, до архитектурата, историското зачувување, цветното аранжирање, модата и стилот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Геј-писателите, уметниците, изведувачите и музичарите веќе подолго од еден век создаваат оригинална култура, иако многумина од нив морале да дејствуваат под покровот на хетеросексуалните теми, а само неколкумина, како Волт Витман, Андре Жид, Томас Ман, Марсел Пруст, Редклиф Хал, Жан Жене и Џејмс Болдвин, можеле експлицитно да се зафаќаат со геј-теми.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Разликата меѓу овие две верзии на машката геј-култура може да се сфати во смисла на поширока разграниченост (иако, одново ќе кажам, нехерметичка) помеѓу културата и поткултурата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Второво во негеј- светот наоѓа претстави што може да се претворат во изрази на машкиот геј- субјективитет или чувство – со малку дотерување, ако мора – и кои им овозможуваат на геј- мажите имагинативно место за влез во некаква настрана утопија, некаде отаде виножитото, која не е сосема нивна творба.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)