Непосредна цел е да се расветлат некои прагматични одлики на машката геј-култура и да се опишат облиците на субјективно искуство или колективните структури на чувствување, кои особените начини на интеракција и комуникација ги пројавуваат или ги предизвикуваат кај оние лица, било да се геј било да се стрејт, што учествуваат во културата составена од такви генерички практики.
Сигурно би било возможно оваа постапка да се примени на конкретни подоблици или видови на машката геј-култура – етнички или расни или национални или генерациски или сексуални – и да се определат, да се опишат и да се посочат генеричките одлики што ги определуваат латиногеј-културите, или еврејските геј-култури, или геј-културите на работничката класа или геј-културите на глувонемите, или нa садо-мазогеј-културите или на дрег-геј-културите, или на геј-културите на американската урбана младина.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)