Кашлаше чудно, суво и тивко, божем му се потсмева на некој старец.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
МЛАДИЧОТ: (Суво и отсечно.) Досега немало задача што ми била возложена, да не сум ја извршил.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Влакното по неговото телце веќе не беше онака излепено; тоа беше суво и се згреа, потсветнуваше суво и добро згреано.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сакаше да живее, да му се радува на денот, да го врти бројчаникот на касата, суво и шушкаво да дише.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)