сѐ (прил.) - за (предл.)

Сестричките толку го сакаа, што нигде не го пуштаа да оди сам. Каде и да одеа, сѐ за рака го водеа...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Американската идеологија на телото ќе направи сѐ за да ја тргне и да ја поништи старомодната повеќезначност, што сама по себе ја носи идејата на телото.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Аранжерите на овие дуќани мислеле на сѐ за да се разликуваат од локалите што работат и дење и ноќе и затоа асортиманот на стоките е приспособен кон одредени побарувања.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Простран, со водоскок, во самиот центар, на чии оснежени фигури наседнале младичи и девојки, фрлајќи топки од снег, обиколен со монументални објекти - старата зграда на општината, градена во минатиот век, достоинствена, со голем градски часовник, со две цркви, кои се реновираат, а во дното се златее големата и монументална „Палата на Републиката“, во која само во еден нејзин дел е Претседателството на ДР Германија, а сѐ друго во овој огромен комплекс служи за обичниот граѓанин - за негова разонода, пред сѐ за младината.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сѐ за мојата пријателка, но внимавај повторно да не го затуриш именикот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Јас немам медиум. Но, сепак, оваа игра нема да ја прекинам. Знаете сѐ за мене и Јана.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Јас тогај побарав неколку работи од неговото величество, а сѐ за доброто на луѓето од нашите краишта.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И, на ненајавена средба, апансас те туркаат во клинч, па со вкрстени прашања од типот „признај сѐ за твоето минато“, те парчосуваат, божем низ хумор.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Отишол и во Врховниот комитет, каде што Сарафов го прифатил неговото сфаќање за опасноста што ја криело револуционерното движење на Македонија за интересите на великобугарската кауза во Македонија и му ветил дека Комитетот ќе направи сѐ за да се постигне „согласност" со Револуционерната организација.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
А- А сега да каснеме малку па да си прилегнеме. Ако не ти се спие, ќе си прикажуваме. Уште не сум ти рекол сѐ за Волчарот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Нејзин говор и додека длаби и во најдебелиот трупец, и додека го делка некој кежаво изврзан глужд, притоа само со звукот кажувајќи сѐ за длабината на дрвото, но за сето време постојано со она спокојство и сигурност, без да се промени ни една жиличка од ткаеницата на нејзините до невидливост незауздани движења, тоа ритмичко полетување нагоре и плискање надолу, докрајчувајќи го секој глужд, токму на ова место, каде што го подбрала пред себе, неотстапувајќи ни за милиметар в страна од своето цврсто сновење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Русе седи на мостето, На мостето искршено, Банџе се вози во чунчето, Во чунчето на предница: (арија) Сам си весла, сам си прави, Песна пеи, лудо, сѐ за тебе, Песна пеи, лудо, сѐ за тебе Како да те, мори, граби! (арија) Бог да бие, Русе, твоја мајка, Твоја мајка, Русе, Ангелина, Што не те дава, Русе, кај што сакаш, Тук’ те дава, Русе, кај што нејќеш... (Додека Антица, потресена од песната, силно плаче, кумот расположен гордо го отресува ќесето и фрла бакшиш во дајрето).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Пред десет години Никола Влашки го женел синот и, кога ни по две години не дочекал внук или внучка, сеедно, ја прашал снаата машко ли е момчето и што се случува ноќе кога таа ќе легне со него, ја задева ли, и ги трие ли со дланки јаболката под кошула, легнува ли врз неа, а таа се срамела, бегала од свекорот, но тој и на нива и в куќа сѐ за исто ја прашувал, додека најпосле, еднаш, не му признала дека момчето е машко, повеќе машко отколку што мислела таа за момчињата кога била девојка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Навистина треварите стоеја зад него и го мереа навредено под очи...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јас ѝ раскажував на тета сѐ за моите девојки, за тепачката кај Чешмиче, за мојот необичен другар Абраш, а таа внимателно и со многу големо љубопитство ме слушаше.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Таа речиси на колена го молеше Зрновски да му ја објасни на Самоников смислата на созревањето и на бербите: „Објасни му, те молам, сѐ за плодовите“, инсистираше таа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Лошо вљубените знаат сѐ за љубовта.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Чорбаџи-Дико знаеше сѐ за Бошка и затоа, кога овој седна спроти него, не го дочека ни да почне да се поплакува, туку си сркна од кафето што тој час му го донесоа момците и офолито, со потсмев во гласот, му рече: - Зарем на еден Лумана најде да му одмаздуваш, бре главо будалска.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ме распрашаа кој сум, што сум, од каде сум, дознаа сѐ за мене, се сожалија и ми предложија да работам како гробар. Прифатив.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)