сѐ (прил.) - повеќе (прил.)

Само сфатив дека Марина ќе живее не само без мајка, но, сѐ повеќе и повеќе и без татко.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Димот, лутиот дим од солзавецот постепено но сѐ повеќе се ширеше и навлегуваше во секое катче на „Сен Лазар“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тројцата пријатели во тивката ноќ, која сѐ повеќе длабеше и се чинеше дека нема никогаш да заврши, не сетија дека многу се оддалечија од јагулите, од темата за која беа собрани.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Колкупати горе во планината ќе ме поткренеше од сон неговиот глас.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сепак, постепено сѐ повеќе почнав да го чувствувам неговиот немир.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
„Марие и Паулина сѐ повеќе се плашат,“ реков.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Додека народот од својот ладино полн со турцизми невешто вртеше на грчки, аристократијата од грчки сѐ повеќе преминуваше на француски.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Си велам: „Сега поминувам замрзнат мост, сега снегот ми влегува низ скинатите чевли.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но, колку што повеќе минуваше времето, нему – наместо да заборава – сѐ почесто во сеќавањето му се јавуваше мислата на затворот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Само комарците с'скаа наоколу и се приближуваа сѐ повеќе.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Арсо сѐ повеќе се губеше во својот болезен сон.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Наметнување на рекламирањето и брендирањето врз јавниот простор Консумеризмот, индустријата и профитот сѐ повеќе ги преобликуваат јавните простори, согласно барањата на симболичката економија чија цел е да се привлечат купувачи и инвеститори.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Но кога се населивме во куќата крај брзата река и кога започна, во овие повоени времиња, да нè измачува гладот, татко ми, без своја рода и блиски луѓе, со кои лесно се дели и последното парче леб, западнат во вечното читање на своите книги, сѐ повеќе личеше на некаков балкански Дон Кихот, кој не умее да најде никаков излез за семејството, на чии врати сѐ посилно тропаше гладот...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тогаш ми е помалку важно, лична работа е по малку, јас со себеси; ја чувствувам сѐ повеќе како господарка на својата несреќа, далеку и сама, но господарка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Слични во нишањето на дервиши, ги сведувале зборовите на молитвата на збивање, на ритмичко повторување - Иии-еее, - и никој од нив не мислел што било тогаш и што ќе се случи потоа, станувале сѐ повеќе едно сега и едно скаменување со затворено и неподвижно време во себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Така, колку повеќе се отуѓуваше од своите колеги на работа што се придржуваа до востановената методологија во практиката и до малограѓанскиот начин на животот, Миха сѐ повеќе се доближуваше до шареновидниот и контроверзен свет на јавниот и културен живот, движејќи се во него како риба одгледана во аквариум, а пуштена во отворени води.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сѐ повеќе заостануваше. Накривуваше на сите четири.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А од Бела Вода кон Герман се спуштаа партизаните и трчаа кон рамницата која сѐ повеќе се полнеше со луѓе и сите трчаа кон Пероо.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Но рокчето сѐ повеќе растело и уште повеќе се оцртувало под капата испупчувајќи ја, и уште повеќе паѓало в очи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сѐ повеќе ги притискала смртта на оние со кои пошле од своето бедно село што се споменувало само во даночната администрација или во беговските тефтери и се мачеле дури и на спиење од сеќавањето за вчерашните восочни лица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И јас почнав да измислувам: дека Луција дошла на мој повик; дека јас сум знаел дека ѝ е забрането да се гледа со мене, но сепак сум ја повикал; дека таа не се противела, дека со мене пиела вино и пушела цигари; дека самата ја соблекла кошулата, дека на месечината блеснале нејзините гради, како кај кучка (токму така реков, за да го излудам Фисот, кој, очигледно добро ги познаваше нејзините гради), дека јас сум ја одбил, а дека таа ми се заканувала дека ќе ме убијат од Партијата, затоа што ја одбивам; дека потем таа го слекла здолништето (ќелата на Фисот црвенееше сѐ повеќе и повеќе; жилата на вратот му се наду и мислев дека ќе пукне, дека кап срчева ќе го удри), дека потем јас сум ѝ ги слекол гаќичките, дека сум ѝ ги раширил нозете, дека таа ме молела да влезам во неа, и дека конечно, сум ја завршил работата, само заради сочувување на здравиот народен дух, и дека сум ја исчукал машки, по што таа долго ме бакнувала и ме галела на кејот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Луѓето наследиле од дедовците навики и знаење; напролет го садат компирот на онаа педа земја што ја имаат, се веднат со копачките во лозјата зад ридот, го следат со очи снежното окопнување во дабовиот честак; налето се виткаат над компирот да го прикријат со тврдите грутки, ги колнат ненаситните кртови, чекаат дожд; наесен го слават гроздоберот и вардат - што помалку леб ќе се изеде, сѐ повеќе зрна ќе се засеат ораниците.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Од бучавата смогот сѐ повеќе се развласува, се протега и се раскостува, се шири, авторот забележува дека смогот почнува и да се крева, ене го веќе кренат над училиштето „Кочо Рацин“ и наскоро ќе ја зафати и неговата куќа што тој одовде не ја гледа, само по тамина знае каде е.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Зошто понекогаш езерото се проѕева ширум божем е бел тигар, бела мечка се надига како квасец подготвен за најголемиот леб на светот (ти викаш светот не е само она кое се гледа од оваа страна на видиковата линија и сѐ повеќе ти верувам!)?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Се разбира побрзав да му објаснам дека не сторил ништо лошо.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Удирал и не броел. И не гледал каде паѓа изделканата јасенова гранка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кејтеновата тајна секој ден сѐ повеќе ја распалуваше љубопитноста на мојата млада и неопитна душа, што можело толку многу да го излуди?
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Качакот ја држеше главата провисната, гледаше в земја, сонцето го пржеше по темето, му облетуваа муви и инсекти околу устата што му пенеше и му гореше за вода, напинаше на јажињата со кои беше врзан да ги скине; гледаше во луѓето собрани околу него, гледаше во езерото што ја заплискуваше водата и со јазикот мласкаше, стружеше низ устата која сѐ повеќе му се сушеше; се вртеше и го бараше Делина да дојде веќе, да му го забуца куршумот и да го спаси од овие маки.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Недоизбувнатата расправија беше длабока и темна мудрост под превивки на сурово самозаборавање со што си ги криеја срцата, не толку еден од друг колку секој од себеси.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Очајот, со сите овие размислувања, сѐ повеќе ја поклопуваше. Нема на што повеќе да се надева. Нема на кого.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Секој ден, секој час тие сѐ повеќе го разубавуваа животот наоколу, - туку гледаш како цвеќе никнато од под камен ќе те изненадат за чудно чудо.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Над тромавата свест завесата сѐ повеќе се дигаше и го разголуваше настанот со ножот, со ленената кошула, со ударот, со човекот, на чиј гроб лежеше тешка плоча на дваесетте продувани години.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Избирам со јаготките на прстите. Умирам од желба да ми се случи да напалам таква долна облека што нема да ја сеќавам кога ќе ја допирам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ние не отстапувавме и сѐ повеќе се собираше народ, запрежни коли, говеда, кози, овци, запрежни коли и товарени магариња... – Назад! – викаа – Назад! Наредба е да бегате кон Пероо!
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- И додека ја чувствував онака висината на мојот врат јас во себе се прашував Зар можело да се случи тетка Боса да се посомнева или да сфати дека во мене сѐ повеќе се намалува вербата во вистинитоста на она што се случуваше?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
XLVII И Татко и Климент Камилски и дење и ноќе работејќи врз турцизмите во балканските јазици, сѐ повеќе разбираа дека се нагрбиле со мисија на која не ѝ се гледаше претпоставениот крај.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Послушно тргнува накај својата рогозина, каде што, ја води Пандо.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Беше тоа една чудесна игра и сѐ повеќе се доближуваше со неа она парче живот ѝ се радуваше на убавата ноќ, враќајќи ѝ ги на нејзината белина сите изгубени одблесоци, носејќи на местото на очајот една лесноумна весела разиграност, чиниш со некоја желба да помине со својот разигран заборав над крвавите траги.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Чанга сѐ повеќе и појасно ги сфаќаше татковите толкувања за враќањето на луѓето кон козите во овие проклети времиња, кога беше фрлено семето на раздорот, кога козите ги спасуваа луѓето, детствата, кога козите во луѓето го будеа некогашниот заеднички сон.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Бездруго не бил Евреин, и тие не знаеле дали е Турчин или потурченик, бег или одметник од Турците; дури и ако сакал нешто да им каже, не можеле да го чујат - ревеле, тој само безгласно ја отворал устата кога се фрлиле на него и, веќе соборен, без замав со јатаганот и подалеку од белецот, почувствувал удари со ножови, со секири и со колови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Почна да се дува во стомакот секој ден, сѐ повеќе и повеќе.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Но тој кога се здоби со ореолот на тиранијата сѐ повеќе се оддалечуваше од народот опседнат од метафизичката идеја да се овековечи во историјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Додека манастирскиот измеќар и некој од калуѓерите збутани до вреќите со погачи и до ќуповите со вино, викаа по него да легне долу, тој сѐ повеќе и повеќе се исправаше и го виде ројот дечишта забрани од јаничарите во заеднички синџир, а веднаш по нив и коњските газови, мазни и светливи како килими.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ја сакаше нејзината насмевка додека го послужуваше нешта што - кога ќе се погодев со нив, ќе спомнев онака отстрана - почнала самата да ги готви и кои тој искрено ги фалеше зашто тие за него имаа двојна сласт.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Времињата си минуваа, развојот нас сѐ повеќе нѐ оддалечуваше од нашите прапредци, но заедничкиот сон остануваше, никако луѓето да се ослободат засекогаш од него и кога најмалку очекуваат, заедничкиот сон ќе ги потсети луѓето на нивните блиски...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Другиот вид е корисник кој се чувствува одлич­но кога е на Е и обичниот живот му се чини здодевен во споредба со тоа, не учи од тоа и постојано сака да го повторува доживувањето земајќи сѐ повеќе и повеќе.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Некаде над мене, над куќата, прилично далеку, синевината некако се згуснува во една точка. Сѐ повеќе и повеќе.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Меѓутоа, тој сѐ повеќе ја губеше енергијата која ја добиваше од големите илузии за заминувањето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Бремето сѐ повеќе се оддалечуваше, со себе носејќи ја нејзината болка, оставајќи можност на спокојот полека да се избиструва.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но стравот и возбудата кучешки ме гонеше и сѐ повеќе грабев од стапалките на оние што трчаа пред мене.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Беснееше таа сѐ повеќе, ама ѓоа не знаеше кому попрво да му се одмазди за својата мака.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Имаше денови кога помислував дека веќе не можам да го престигнам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тоа ќе биде постигнато или преку постепено освојување на сѐ повеќе и повеќе територии и на тој начин создавање на надмоќна сила, или преку пронаоѓање на некое ново оружје од кое нема одбрана.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Љ Н беше член на Синдикатот на хемија, метали и неметали – гранков синдикат при ССМ, којшто своевремено им пружаше помош и им излегуваше во пресрет на работниците, но подоцна – поради корумпираноста, нечовечноста и свесното игнорирање на очигледното континуирано кршење на работничките права – тој длабоко се разочара и изгуби доверба во него, па се откажува од синдикатот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ве гледаме како работите и сѐ повеќе знаеме дека ќе успее вашето дело.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Не знам зошто ми се чинеше во последно време дека еден ден не ќе ја најдам таму таа слика и сѐ повеќе имав желба да ја преместам во собата каде што спиевме Ели и јас.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ги замразив, и тоа од сѐ повеќе во домот, поради нивната крајна нечувствителност, лицемерност, несовесност.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
„Не знам“, ми рече. „Нешто што е посилно од мене сѐ повеќе ме изменува. јасно ми е кој сум, не сфаќам само како сум. На оваа почва сум пресаден не знам по колку осеменувања и овде сум никнат, сроден со оваа земја и ова небо.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Како да присуствувам на час по географија на кој професорот изведува чудесни нагледни експерименти во кои цели континенти ја менуваат својата местоположба, а јас како повластен претставник на некоја непозната организација ја имам таа чест да го надгледувам извршувањето на овие големи преселби.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Веќе неколку години заедно се влечеме по клупите, кои, господ да ги поживи, сѐ уште траат и ни дозволуваат да ги шаркаме и јаваме и да ги разместуваме и влечеме: зиме поблиску до печката, а лете поблизу до прозорците; палавиме и беснееме низ дворот, пред ѕвончето и по него, па дознавме дека главите без наше заземање и неусетно, од година на година, сѐ повеќе одбегнуваат и вишеат нагоре, зголемувајќи го притоа сѐ повеќе и растојанието од носот до прстите од нозете, а тоа најдобро се забележува пред почетокот на секоја учебна година, кога рецките на вратата од училиштето се слизнуваат сѐ подолу, бегајќи од нишанот на нашите очи.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Одеднаш, во еден момент, стана свесен за штамата што околу него владееше и оглувуваше сѐ повеќе како што мракот околу него згуснуваше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
ТОМЧЕ: (Влегува, губејќи ја сѐ повеќе храброста што беше јо прибрал.) Татко...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Сѐ повеќе сум со чувството дека нешто не е сторено иако речиси знам дека тоа требало ти да го сториш“, најдов за потребно и да и приговорам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Свесен беше дека со тоа, а и со своето упорно практикување на новите пристапи во дијагностичката и тераписката практика сѐ повеќе се оддалечува од своите колеги, а пред сѐ од својот шеф, кои сите заедно не само што се каеја дарувајќи го со незаслужени титули и на тој начин го изедначиле да им биде (пак незаслужено) рамноправен, туку и сѐ погласно се обидуваа да го дискредитираат во лекарските кругови и да го прикажат како шарлатан од најдолен тип, кој со вербална вештина се претставува за она што не е.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Навалуваше сѐ повеќе и повеќе, и на крајот дури ми го отвори фрижидерот за да ме праша да не сакам да си изберам нешто друго што повеќе би ми се допаднало.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
А Крстовица првин се стаписа, се слиса, ѝ стежна срцето, се стресе како да ја зграби студешница, нешто стопоти во неа, саклет ја стегна, ја сподави, пред очите сѐ повеќе ѝ се згустува мракот, се свиткуваат гредите, се навалуваат ѕидовите, стега таванот, нозете супрашка ѝ ги пече и санкум скудоумна, олелека најпрвин тивко, болката во липтежот ѝ ги искриви усните, ѝ го огрде лицето и, гледајќи наоколу со молбен поглед, подаде раце...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Како што му растело рокчето, така сѐ повеќе се јадосувал, сѐ повеќе се затворал во себе и со никого не контактирал.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Фонче откако ја прегледа куќата од Китан, вртејќи ја главата како да не верува дека ова е случено со неа, во тужбата наведе дека куќата е оддалечена 150-200 метри од каменоломот; дека кога ја изградил Китан, тужениот Танаил, не вадел камења со експлозив, ами рачно; дека од тие експлозиви куќата добила пукнатини кои со време сѐ повеќе се шират и дека се заканува опасност куќата да се урне; куќата кога ја изградил немала никакви пукнатини, а за тоа можат да посведочат мајсторите што ја граделе; и затоа бара од судот веднаш да му забрани на тужениот Танаил да употребува експлозив и преку вешто лице да направи увид на штетата на куќата и да му ја плати на тужителот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Бегаше почесто в град, купуваше пијалоци сѐ додека не го фати маларијата; идеше лекар од компанијата, го лечеше, но ништо не помагаше; Анастас сѐ повеќе и повеќе пропаѓаше...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
По нејзиното доаѓање дел од основните методи на дотогашната работа, што се потпираа на долгогодишното искуство, или го изгубија своето значење, или бараа неодложно прилагодување на непредвидливите ситуации, но многу позбунувачки беше тоа што се случи со началникот Круме Волнаровски: јас станував сѐ повеќе несигурен и неспокоен, затворен и оттуѓен, лош кон другите и кон себе.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Оти продолжувавме со Ефтим ноќите да ги поминуваме во чуварската барака на татко му заменувајќи го бај Кољо и сѐ повеќе уловувајќи се како го учиме материјалот од четвртиот клас, а не од петтиот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Властите сѐ повеќе се помируваа со вистината дека Чанга сигурно некаде исчезнал.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ми се чини дека со мало задоцнување сепак научив да не грешам, и покрај фактот дека одамна веќе никој не чувствува потреба да ми ги лови грешките.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
-Тие нѐ уништуваат со технологија, гледам сѐ повеќе - вели господинот Сенка.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Привлекува внимание тоа што анализите на Тагоре за безличната, „апстрактна“ природа на колонијалната моќ не се одраз само на стекнатото искуство од другите колонизирани народи, туку тие исто така укажуваат на она што сѐ повеќе и повеќе станува генерално искуство за сите нас во државите со модерни нации.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Дождот сѐ повеќе ја пробива короната на борот и сѐ повеќе го натопува Богдана.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Чана стои под пенџерето, гледа надвор во белото платно на снегот, а едната рака сѐ повеќе и повеќе ја пика во пазувата, во топлината на цицките, стискајќи го пликото.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Групата се приближуваше сѐ повеќе и повеќе. Бојана сега јасно можеше сѐ да види.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ентузијазмот не се смалуваше. Само, од што не заработував ништо, од што не продавав ништо, од што одев секогаш со една толку тешка колекција, слабеев сѐ повеќе и повеќе... Освен во бицепсите се разбира.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Здивот ни се собрал и сѐ повеќе се згрутчува и тежи.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Пукнатините на куќата зафатија сѐ повеќе да се шират и секој момент се закануваше опасност куќата да се урне.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Татко цврсто веруваше дека ќе дојдат други времиња и луѓе, ослободени во толкувањето на минатото врз основа на митовите и легендите, ќе ја припитомат насилничката историја Времето брзо минуваше, а Татко и Камилски се чинеше дека сѐ повеќе се оддалечуваа од мисијата да го одредат местото на поимот курбан во листата на непожелните зборови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Мило, се плашам дека сѐ повеќе наликувам на кучкана на Кавракови што најмалку два-три пати годишно наидуваше по каменливата патека а знаев дека не доаѓа по сув краешник. Не ја водеше гладта“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но еве кај Павле тоа лошо настроение се зголемуваше сѐ повеќе и повеќе и го достигна својот краен предел: оставката.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кога ги збрка полицијата, тој се најде меѓу првите редови во бегањето, но беше слабичок и истоштен, и сѐ повеќе заостануваше, не ги разликуваше лицата, гледаше само како безброј нозе го заминуваат, го сечат некако грубо неговиот чекор, и тој останува сѐ поназад и поназад.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сѐ поетерична, сѐ повеќе неразделен дел од целоста свет во светот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Сѐ повеќе се тетеравел со отворена уста и без здив (со секоја воздишка ножот самиот од себе подлабоко се забуцувал в месо) и со цели стапалки, тврдо, несмасно, удирал по земјата, врз која, божем таа се ниша под него, со повремени ширења на рацете се обидувал да сочува рамнотежа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пиев сѐ повеќе и повеќе. Пиев сѐ додека целиот не се запалив: целиот бев во пламен.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
А и откако ме исклучија од сиџилите во Државниот архив, кои ги открив и на кои им го жртвував животот, и шеќерот сѐ повеќе ми го згорчува животот, работите се јасни... – продолжи Татко.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Од катедралите и манастирите теоретичарите се преселија во работилници (универзитет, високо техничко училиште, индустриска лабораторија) и започнаа да се занимаваат со модели преку кои постојано изработуваа сѐ подобри чевли, со тоа сѐ повеќе разбирајќи го и обработувајќи го светот како целина.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Сѐ повеќе се разгледуваат бројните можни насоки во коишто тој истиот „свет во којшто живееме” се движи на крајот на вториот милениум.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тагата сѐ повеќе се таложеше во крчмата. Секој поинаку беше начнат од неа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Но како што минувало времето тој сѐ помалку пишувал на таблата а сѐ повеќе цупкал и се шетал наваму натаму, пуфкајќи со пурата.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Не се веднеа да му подадат рака и да го смират, се потргаа од неговото грчење и чекаа: ќе се исцимоли, ќе каже како ја запалил лесновската куќа. Го жалев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Аеродромите се претворија во „машини за надзор“.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Сите мислевме на Зигмунд – Ана се грижеше дали му заздравува оперираното место, мајка ми се плашеше да не е тоа некоја поопасна болест а не обичен израсток, Мина внимаваше тој да има мир за може да се посвети на своето пишување, Марта не му дозволуваше да се преморува во работата со пациентите, Матилда постојано набавуваше нови лекови, јас правев сѐ да не бидам премногу упадлива во настојувањето да бидам што е можно почесто кај него, придружувајќи ја мајка ми, и така не успевавме да забележиме дека Хајнерле сѐ повеќе и повеќе слабее, дека главчето му се претвора во неколку прамени руса коса под која светкаат испакнатите очи и темнее зеленикавата кожа, никој не помисли дека му треба разговор кога го слушавме како, додека разговаравме за Зигмунд, си шепоти некои зборови самиот за себе, не го прашавме од што сѐ има страв, кога видовме дека го плаши чаша превртена со дното нагоре а отворот поклопен на масата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Времето врвеше. Желбата за дете сѐ повеќе растеше.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Почнаа да викаат за помош, се разбудија соседите, дотрчаа, започнаа и тие да помогаат, да влечкаат садови со вода, да гаснат; се фрлаше вода на пламенот кој сѐ повеќе се ширеше и ги зафаќеше сувите плотици од чардакот и се качуваше нагоре кон одаите; коњот исплашен во кералот, напна на оглавот, го скина и излезе низ запалената врата бегајќи и 'ржејќи панично.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сѐ повеќе личел на човек дробен и боден од копита и многучепорести рогови на елен за време на неговото рикање.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
За волја на вистината, Хабиб Бургиба ја промени судбината на Тунис, стори многу повеќе за својот народ под стегите на колонијализмот отколку други африкански владетели.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„Нашиот Пурим” Алегра ја нарекуваше нивната свадба што ја очекуваше со нежната женска душа, но и со сѐ порастрепереното тело со кое таа сѐ повеќе копнееше по него со една чиста и исполнета љубов што извираше длабоко од неа.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Додека јас така се мачам да сфатам со кого имам работа, човекот со кого се движам сѐ повеќе ме носи кон црвената боја додека сѐ повеќе зад нас останува жолтата боја којашто ми е толку многу примемлива.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Преку процесот познат како „обезграничување“, функциите на границите сѐ повеќе навлегуваат длабоко во територијата, сѐ подалеку од границите на територијата.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Бев во црква, запалив свеќа за тебе, плачев, многу плачев. Сѐ повеќе тонам, отапев, ништо не правам.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
На неколку чекори понатаму - срамежлив одглас, еден па друг и сѐ повеќе.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Рози слушаше како звукот на рапавите и нерамномерни крикови на гавраните сѐ повеќе се оддалечуваа, и тогаш ги слушна последната анатема од Кети и веселото чуруликање на црвеношијките, кои ја споделуваа омразата на Кети кон гавраните и нејзините ревносни клетви секогаш кога ги бркаше од градината.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Беснилото сѐ повеќе напнуваше во мене.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Огинот спласнуваше. Мракот сѐ повеќе го стегаше кругот околу Аргира и Велета.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Елен Лејбовиц, достојна на своите принципи во преписката, кои сѐ повеќе ги прифаќав како незаобиколна реалност, се префрлаше на сосем друга тема, за да го остави одговорот во некое наредно писмо.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Сѐ повеќе зборуваше за пеперутките, за нивните метаморфози од јајце, преку гасеница, па кукла, до пеперутка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Беше добро, што ги имаше мавнато и тој, барем за извесно време, и што знаеше дека во следните денови ќе ги мавнува сѐ повеќе од своите мисли.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Острината на чувствата и мислите сѐ повеќе ги губат своите граници, ги затапуваат своите рабови, потонуваат едно во друго во една неодреденост.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
IX Илко како што старееше сѐ повеќе се подгрбавуваше, се превиткуваше, одеше со главата надолу.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Во сајберсветот ќе се натпреваруваш, ќе имаш љубовни врски, размени, шаховски игри, разговори, истражувачки проекти, ќе скијаш на кој рид сакаш, со сите оние прекрасни луѓе, и секој сѐ повеќе и повеќе ќе комуницира со помош на тој глобален јазик на икони. okno.mk | Margina #17-18 [1995] 89
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Во ноќта на музеите во Венеција веќе одамна никој не се запишува во правливите книги на впечатоци, како што во ноќта на вештерките никој не евоцира спомени за средбите лично со Данте на најдлабокото дно од пеколот неподносливи турканици, сека ноќ си ги обесуваат гласните жици на ченгели шиткачите на сувенири од муранско стакло, обетки, белегзии, приврзоци, порцулански чаши со слики на Свети Марко или на гондолиери кои ионака во последно време повеќе се сликаат отшто нема доволно јапонци за прошетки низ Канал Гранде, сентиментале.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Во оваа посткомунистичка верзија на екстазата на комуникација, јавниот простор сѐ повеќе исчезнува пред налетот на семоќното рекламирање.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
И на часовникот не гледам. Имам впечаток дека времето сѐ повеќе се смрачува, дека нѐ враќа назад.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Приватизација на јавниот простор 4.1.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Секоја приквечерина, сѐ повеќе набљудувачи се собираа околу дупката и ги кажуваа своите коментари, своите совети и предвидувања.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Таа работа сѐ повеќе стануваше поважна од службената. Потоа сѐ стана едно исто.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ах, тој молив, човек во човека, со кој единствено ги споделував магиите и тајните за песната и кој бележејќи ја песната - сѐ повеќе ме подмладуваше, сѐ дури и од неговата лична судбина не осознав дека никогаш иднината не треба да ја поврзуваш со себеси.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
А непрокопсаните сѐ повеќе се множат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во новово време се згоди во едно претпријатие да одработам цели десет години ама правилата на животот се сменија и веќе одамна никому не му се подарува никаков часовник што секако е една од причините некои луѓе сѐ повеќе да се чувствуваат изгубени во времето а нивните души да скапуваат во контејнерите.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Значи, газам внимателно иако тоа не мора да значи дека понекогаш не ги избирам лошите премини.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И сѐ повеќе се правеа свртувања силни, полетни.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И Ели беше порасната и со неа сѐ повеќе имавме маки и јас и тетка Рајна и татко ми.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Впрочем не е тоа она што е чудно. Такви продавници сѐ повеќе и повеќе има.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тој набргу ги сподели своите нови дилеми, откако Камилски ги изнесе резултатите од својот последен извештај: Колку и да работиме, внесено и вредно, ние тешко ќе стигнеме до нашата вистинска цел: да минеме низ јазичното чистилиште на сите турцизми во балканските јазици и да ја утврдиме листата на стоте (без)опасни зборови?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А притоа уште не си начисто дали таа сѐ повеќе те интересира или ракописот на делото во нејзините раце.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Со текот на времето двајцата балканофили сѐ повеќе се уверуваа во корисниот правец на нивната мисија од игнорирање до прифаќање на турцизмите во балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Дрвјата се протегале како лузни во лилавото сивило.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чекајќи го возот за Брно, на Богдан сѐ повеќе му напнуваше бесот и јадот на душата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Мојот ден е формула на невозможното што за иднината ќе е можен аксиоматичен чин: мртов јазик сум во стисната муцка од чамово стебло, едно од оние крај кое, бездруго не зебележувајќи го, сум минал на планина од чиј густак пред карабинка сум очекувал вепар, самјак, каков што сум, спред некои, сѐ повеќе.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Луѓето сѐ повеќе бегаат од мене а јас не можам да живеам само со сенка и без луѓе.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Стариот и старата, испраќајќи го поштарот, гледаа како оградата од летви сѐ повеќе оштрбува.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Потсетувајќи се на тоа а во контексот на оваа медитација, сѐ повеќе се уверувам и осознавам дека не само не е едноставен туку напротив, дека е многу сложен и честопати несовладлив проблемот авторот сестрано да го согледа и проучи феноменот на видливото.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Тие почнале сѐ повеќе и повеќе по грчки да им зборуваат на луѓето, да разнесуваат работи од манастирот, да крадат, со жени да се поганат и што ти знам уште што.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ако забележите дека ви се потребни сѐ повеќе таблети да го постигнете ефектот, не ја зголемувајте дозата, едноставно престанете да земате најмалку неколку недели. okno.mk | Margina #8-9 [1994] 127
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Токо, оти пак Нешта наша да а посинуаш? Ете, братче Стојовите сѐ повеќе, поголеми, земи си а Гуца.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таа сѐ повеќе се потврдуваше со настаните коишто се навестуваа, со крајот на фашизмот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Викањето на сеирџиите и трештењето на зурлите и на тапанот стана толку гласно, што се чинеше го оглушија просторот дури догоре, до небесата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Луѓето како што пристигнуваат, така фаќаат место во бавчите, на островцето каде што истечуваат изворите, крај брегот на езерото, по дворовите, спростираат ќилимчиња, веленца и седнуваат да се одморат, да јадат; како што надоаѓаат луѓето од околните и подалечните места, така сѐ повеќе се полни просторот околу манастирот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Сѐ повеќе нечистиот започнува да владее со вас, луѓе... Многу пороци и неприлежности се натрупале во вас: злоба, блуд, похота, кражби, лакомија, грев, дволичност, лаги, клевети, лицемерие, хулење, омрази, алчност, прељуби и друга нечистотија...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
А таа е толку тешка за носење. Со секој следен поклоник, расте сѐ повеќе и повеќе.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Кругот сѐ повеќе се стеснуваше. Кругот околу мене.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Она нешто малку кукулинци што останаа под изгорената црногорица, одамна, речиси од дните на првите порази под Отоманијата, престанаа да се чудат, поточно сѐ повеќе прилегаа на дедовците, кои по познатата тврдоглавост се оддалечуваат еден од друг и станале секој свој свет во себе.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Така и беше: како што растеше, така сѐ повеќе дома не се прибираше: скиташе по околните места, брда и планини.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Чувствувајќи како дождот сѐ повеќе го натопува, се пренесе во времето кога ја погребуваа баба му Депа кога исто вака туриваше силен дожд, а тој одеше во погребната поворка фатен за раката од мајка му, дождот му плускаше по главата, по телото, му се лизгаше по кожата и му слегуваше низ нозете во опинците; погледнуваше повремено во баба му во ковчегот што го носеа луѓето на раце: и нејзиното лице дождот го миеше, се лизгаше по него како по восок и ги натопуваше цвеќињата и овошките во сандакот; лееше на попот и му ја гаснеше кадилницата со која штркаше по ковчегот и пееше за покој душа, лееше на луѓето што одеа со наведнати глави.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Јавните простори сѐ повеќе стануваат затворени за сите кои не се дел од пожелната јавност: „мермерната, стаклената и челичната естетика на трговските центри, музеите, банките и парламентите е толку застрашувачка што никому ни на сон не би му текнало да седне на нивните скалила за да се одмори или за да свири гитара.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Сиротата Норичка, нека ја придружува некоја друга. (Ова сѐ повеќе личи на казна, сега само се познавам таму кога ќе сум среќна, кога сум среќна, кога Нора пее Форе се познавам таму и не останува ништо освен омразата).
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Значи, - се замеша и Коте, - можат да си ја гледаат работата, - рече, зошто сѐ повеќе почнуваше да мисли на мисериштето и на компирите.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Татко долго време размислуваше како да излезат на крај со сложената мисија која сѐ повеќе и повеќе ги одвлекуваше во лексичкиот бескрај.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко сѐ повеќе се навлекуваше во мисијата за која на почетокот не веруваше дека ќе трае толку долго време.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Иако уште не беше паднал мракот, низ буките беше сѐ повеќе и повеќе мрачно.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Погледот е фатен во лавиринт без излез. Леонардо сѐ повеќе е опседнат со тоа, токму со лавиринтот.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Исмаил бил од оние многубројни Турци и Европејци коишто уште не можеле да се убедат дека Македонија има сѐ повеќе луѓе што се фанатично предани на ослободителното дело и се готови во секој момент да се саможртвуваат за својата татковина.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Како што се оддалечуваше од куќата, гневот и омрзата сѐ повеќе му растеа во него, зашто токму кога имаше намера да се зближи што повеќе со неа, дури да ја земе за жена, го откри нејзиното неверство; виде дека неговото отсуство во текот на неделата таа го делела со друг.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Затоа, Недобриот Џо живееше во постојан страв да не му се дигне, па баш заради тоа пенисот сѐ повеќе му скокаше.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И дури вујко му Ѓуро му даваше кора и печено бравско месо да јаде и го убедуваше дека уште е малечок за комита, Крсте сѐ повеќе се намуртуваше и уста не му се отвораше — не му се каснуваше.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Секоја вечер под дискретната светлина на електричните фенери сѐ поубаво се гледа дека луѓето сѐ помалку гледаат слики и фрески, а сѐ повеќе висат пред огледала, поради што сѐ повеќе и расте бројот на огледалата во Венеција, барабар со бројот на самобендисаните.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Сонцето било свртено кон грчот на неговото лице.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Низ прозорецот сѐ повеќе наудира светлоста и го чисти матнежот во собата, им ги враќа контурите на предметите и ги поставува секој на свое место.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Со текот на времето Чанга сѐ повеќе ѝ се восхитуваше на татковата намера да напише Историја на балканските империи низ нивните падови, во која ќе бидат вклучени и козите, па се надеваше и самиот да има некаква улога во таа книга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Според Саркањац, со забрзувањето на општеството, особено со зголемувањето на идиосинкратичноста на читањето на идеологијата од страна на субјективитетот, сѐ помали се шансите на идеологијата да го пронајде „идеопластичниот“ поединец, нејзината делотворност се намалува, и таа сѐ повеќе се доближува до царството на „чистата идеологија“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
„Навистина требаше ти да го сториш тоа, помалку заради себеси а повеќе заради мене“, реков сосема тихо, и нешто непријатно како крила во мрачна ноќ прелета низ честакот на моите мисли.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тие нештата што може да ги користат ги гледаат во нивната нормална состојба.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Осеќам дека крадам нечие лице и сѐ повеќе личам на него.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И што повеќе другиот раснеше, сѐ повеќе овој спласнуваше.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
3. Парадокс Ако „Бог ја знае мерата“ на бесмртноста и на злото кое „расте и зрее“19 тогаш нека гугне зошто бројките се зголемуваат а бесконечното се наближува кога – о, парадокси! – „секој ден сме сѐ повеќе во загуба“20 нека објасни -богат со средства и начини- кој ги благослови човекомрсците та в оган фрлаат сѐ живо и диво да му се сотре семето на семејниот Матери?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Раце налактив на колената, лицето го покрив со дланките и чекам и така чекајќи – го дочекав првиот мрак, не мрдам, чекам и чувствувам како ме тресат морници, по стапалата како да ми лазат мравки и студот сѐ повеќе ми облева образи, прстите ми отрпнуваат, ушите ми горат и полека ме фаќа некаква дремка, ми се присторува дека се губам и не знам што време беше, кога почувствував дека нечија рака ми треси рамо, ме подигна и слушам женски глас да ме праша – кој си ти бре синко?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сонцето и онака пак ќе си изгрева на исток И пак ќе заоѓа на запад што не значи дека и на запад Нѐ грее сонцето додека туристите чекаат Да го уловат во своите камери залезот За кој однапред знаат дека е волшебен и незаборавен Пред зајдисонце на запад катаден луѓето стануваат имуни На романтични воздишки и нежности од каков било вид Воопшто на запад многу е распространето мислењето Дека љубовта и сите воздишки се обична измислица И дека живеачката во целост ја движат пазарните односи Затоа на запад има сѐ повеќе жени кои не знаат да се бакнуваат Ај што не знаат да се бакнуваат ама не знаат ни да готват А тоа веќе директно се одразува врз квалитетот на сонувањето Зашто во рестораните за брза храна не се крепи здраво сонување И понекогаш е поарно да си гладен и барем со време да си знаеш
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Сето тоа, се разбира, не сакав да ѝ го кажувам на Марина, зашто споредбата со нејзината втора мајка можеби уште повеќе ќе ѝ го загорчеше чувството на очаеност, што сѐ повеќе ја обземаше.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Рацете, сѐ повеќе без него, беа болни во коренот на прстите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Мајсторот долго ја гледа позицијата и една увереност сѐ повеќе го проникнува - дека заправо неговиот млад партнер побрзал кога му понудил пред неколку потези реми.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сфатете што значи тоа за вас: растете, закрепнувате и сѐ повеќе, од ден на ден, созревате и ја зацврстувате блискоста меѓу вас, другарството. . .
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Со метлата прават ѓубре, наместо да метат! (Од сламката од лутина, не може, и не сака да го види Томче, кој веќе стои близу до него уплашено и молбено свиткан и одвај се осмелува пак да го ослови.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Тоа сѐ повеќе му ги боде очите на фашистичкиот стражар.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Не верувале дека Онисифор Мечкојад ќе им помогне да се ослободат од стравот. Некој се обидувал да ги надвика.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Богдан чувствува како со секој ден сѐ повеќе малаксува, сѐ повеќе го губи апетитот за јадење, сѐ повеќе креветот го држи закован за себе, сѐ повеќе ја губи волјата да стане и да појде во градината; воздухот чувствува сѐ поредок му е и со мака го дише; под кожата крвта му се згрутчува како црвени кристали, како да му се замрзнува, сиросува; гледа: со животот го сврзува само уште тенка нишка што се мачи да ја одржи; го чувствува нерамномерното чукање на срцето, и во мигови кога помислува дека ќе запре, ги трие градите за да го потсили или да го сниша како часовник што подзапира.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Рангел, доста расеан досега, се збираше сѐ повеќе и му се внесуваше пријателски в лице на Коча.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Правеше напори да не мисли повеќе на Злата, да ги префрлува мислите на друго, да ја избрише од свеста како да не постои, како да не ја запознал - но не можеше: оттргнувајќи ги мислите од неа, тие сѐ повеќе се упатуваа кон неа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Појавноста ја анализирале (прекројувале), при што феномените сѐ повеќе ја преземале структурата на калкулирачкото мислење. 110 Margina #19-20 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Во селото стигнуваат сѐ повеќе вести за ранети и убиени.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
XI Гладот, што како стрвина се нафрли врз селото, постојано и сѐ повеќе се вовлекуваше во празните амбари и ношви и ненаситно лиже, гризе и сотира.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Сѐ почесто остануваше таму, и сѐ повеќе, па се случи и со денови да не доаѓа во куќата во Ајдинци.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ако мајка му е во Прењес, кој ќе го најде писмото, нека ѝ каже. Јас, Паскал на Аргировци сум ранет...“
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Со првата ноќ пак како во почетокот на патувањето се собирале околу огнови, не како некогаш - да раскажуваат доверливо што било во минатото, со што сакале да ги сокријат грижите за утрешнината, не, не, туку да се отворат загрижени еден пред друг за иднината.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Грлото го запече, сѐ повеќе го обзема загриженоста и некаков таинствен страв.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но како што децата - едно по едно, како загуба по загуба - ја празнеа куќата, така и старата остануваше сѐ повеќе со празни раце, без грижа и без работа.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Се обидуваше несреќникот да се измолкне од ѓолчето, (меѓувреме сигурно беше разбрал дека Кире е префрлен во кадровското на Републиката), од она обично ѓолче со плитка вода а всушност сѐ повеќе заглибуваше во една прилично длабока локва со кал.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
По ова, кај работниците настана оправдан гнев и, како што минуваше времето, револтот се акумулираше сѐ повеќе и повеќе.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кочо сети оти сѐ повеќе се стемнува и како темницата да му влегува в очи.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И како минеше времето, сѐ повеќе се топеше, бледееше сето она што ги раздели.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сигурно некаде нешто се запалило. Звукот на сирената сѐ повеќе се наближуваше.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
А и боите се погодени. Сѐ е во тон“, го пофалив уште еднаш а тој, сетив, дали од моите зборови, или по своја вина, сѐ повеќе го забрзуваше здивот: „Ох, замижувам кога избирам“ одвај шепотеше.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но потребата за храна сѐ повеќе го обземаше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа чувство на таа возбуда и восхит со чудото на дотогаш непознатиот јазик на поезијата, со мелодијата негова, со понорноста на тажачка, во моите идни читања сѐ повеќе ми ги доближуваа по јазик и сензибилитет елегичната инкантација и возвишениот Рацинов лирски занес.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Авторите како Асимов, Хајнлајн, Блиш и други полека почнуваат да објавуваат сѐ повеќе романи, а читателската публика на списанијата од четириесеттите созрева со нив, сметајќи го романот како книжевен род за возрасните.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
На излегување луѓето, поради смалувањето на излезот, прво се веднуваа сѐ повеќе и повеќе но сега лежечки излегуваат низ вратата смалена до страга низ која едно човечко тело едвај може помешечки да се протне.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Сѐ повеќе и повеќе надоаѓа војска и собира сѐ што ќе најде пред очи.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ноќта се продлабочуваше, а сѐ повеќе се осветлуваа спомените на Татко и на Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Денес сум капнат, небричен. Ноќта е ведра, стегна цикна, на снегот се огледува месечината. Прстите сѐ повеќе ми се вкочануваат.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Креваше на шишето, ја пикаше главата меѓу решетките да го баци Анка, и неможејќи - само го жулкаше по раката, го милуваше; Анко му го чувствуваше треперењето на раката која сѐ повеќе стануваше потопла; татко му отпивнуваше и сѐ така со жулкање по раката, а во очите му најадруваа солзи од милина, од радост.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во меѓувреме, тој постојано го освојуваше теренот, со тоа што членовите на Партијата настојуваа да употребуваат сѐ повеќе и повеќе зборови и граматички конструкции од Новоговорот во секојдневниот говор.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Северецот се засилуваше и довлечкуваше сѐ повеќе студ.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Едно попладне на почетокот од јуни, кога Матилда го остави јас да го причувам додека таа бараше лекови за Зигмунд низ Виена, Хајнерле ми рече дека мора да е многу убаво сега во парковите, а јас само климнав со главата, „И цветовите сигурно чудесно мирисаат,“ продолжуваше, јас промрморев нешто, потврдувајќи, додаде дека и птиците сигурно пеат поубаво отсекогаш и двапати свирна со устата, имитирајќи птица.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа било сѐ што давало некаков знак на живот и во целата таа шума, а тоа сега го опфаќало сѐ повеќе и оној човек, со едната покуса нога, на дваесетина чекори од стапицата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Меморија: страв - расказ – Од ден- на- ден сѐ повеќе стрепам: овде сум, а по којзнае кој пат сонувам дека никогаш нема да бидам.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Над неа се кревал голем црн облак кој сѐ повеќе растел.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Дождот што туриваше силно пронашол некоја скршена ќерамида на покривот и пробивајќи се низ таванот сѐ повеќе тропа на масата и подот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Не сакаше да признае додека го слушаше брчењето на комарците: Јана не беше како сите други, дури како и онаа Марија, неговата последна љубов, нејзината младост сѐ повеќе го жежеше и го фрлаше во очаена осаменост.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Како што се приближувало ослободувањето на Македонија сѐ повеќе и повеќе се затегнувале односите меѓу военото и политичкото раководство на НОВ и ПО на Македонија и британските воени мисии.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
По навик што сѐ повеќе губеше смисла или по инерција што сѐ повеќе губеше сила, уште ја ставаше искапаната врска околу вратот како износен и широк огламник, при сѐ што од вратот му беа останале само брчки од кожата и безгласниот грклан; а косата на главата му опадна пред да побели - па во очите на ненаситните колеги сѐ повеќе прилегаше на белоглав орел со одрана шија, кој уште со ноктите се држи на карпата чекајќи да се срони заедно со неа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Шпанците слабо ни идеа, ама Маврите почнаа да доаѓаат сѐ повеќе.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Толку години да поминат а тој ниту за една педа да ми се приближи. Напротив сѐ повеќе се оддалечуваше.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Стаклата сѐ повеќе се замаглуваа, на подот од предната платформа сѐ повеќе паѓаа употребени билети.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Нагонска жедност да остане, да се спаси, сѐ повеќе го возбудува, полнејќи ја неговата свест со плашење не сосема одредено, желба да го разбие заговорот сам, сам да ја забоде камата во утробата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Феноменот на престижот, чувството за престиж што кај човека сѐ повеќе се развива колку што повеќе тој има.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во поранешната Источна Европа, падот на социјализмот и последователниот 88 Margaret Kohn, Brave New Neighborhoods: The Privatization of Public Space (New York: Routledge, 2004), 1. 77 налет на неолибералниот капитализам резултираше со масовна трансфигурација на јавниот простор предводена од комерцијалните интереси.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Сивото тесто околу него сѐ повеќе раснеше лесно надраснувајќи ја неговата свест.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Всушност заклучив но во себе дека Калето и собава во која се наоѓам со секој момент меѓусебно сѐ повеќе се оддалечуваат.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Атмосферата беше опуштена, нормална. Се зборуваше за бракот, што е брак, што тоа значи, зошто е потребен, како се склопува, што е подобро: брак од интерес, со стројници или како што сега сѐ повеќе прават младите: од љубов.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Мајка беше загрижена што јагулите сѐ повеќе и повеќе го одвлекуваа татковото внимание од семејните грижи, од работата во адвокатската канцеларија.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но кога виделе дека трговијата оди добро и дека чесно им се плаќа, тие од ден на ден сѐ повеќе се зближувале меѓу себе, се засакале и се спријателиле.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Сѐ повеќе и повеќе, во меката сина здолница и во блузата со боја на пченка, се чинеше како нејзиното тело да набрекнува од таа новоформираа сладост, како да се разлева низ нејзините клетки, онака како што свежиот квасец го набрекнува тестото.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Од тука гледа како од обете страни на езерото и во самото езеро кипи дива, нагла, страстна, непомирлива, слепа, отворена и смртна, бесна и упорна како неразуздана стихија - борба за живот и како што сѐ повеќе се разгорува омразата и пизмата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Потоа, отпоздравувајќи има на познатите што ќе влезеа во кафеаната, безгласно, само со положена дланка на гради, не толку со занес колку со внимавање да биде разбран и наполно јасен почнуваше да раскажува. Не можев да не поверувам дека неговиот дух не се војва низ минатото, меѓу човечките крводелци и недоразбирање од стојбиштето на неверојатното што сѐ повеќе се сокрива под превез со боја на латици од крваригин цвет; раскажува а ти навлегуваш во зона на мистерија во која се испреплетуваат љубов и омраза, тие моќни чинители на човечките драми и балканските игри низ векови.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Имаше две несигурни раце, кои просто и не си ги сеќаваше на своите раменици, а здивот му остануваше сѐ повеќе празен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Си го прочистувал грлото, така ги подучувале в Белград, на Конзерваториумот, а мене морници ме полазуваа од можните последици поради ваквата недисциплина.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Последица од нужноста дека треба сѐ повеќе да се мисли во бројки, а сѐ помалку во слики, е бегството на историската свест пред онаа формалната.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Јагулата, сирена на студените мориња што го напушта Балтикот за да им се придружи на нашите мориња, на нашите утоки, на реките низ кои се движи, узводно, в длабини, и пресрет на дивини, од ракав до ракав речен, сѐ поневидлива постојано сѐ подлабоко, сѐ повеќе во срцето на каменот, провлекувајќи се низ бразди од тиње до денот кога светлината ќе блесне од костените и ќе ја запали молњата во барите на мртвите води по удолните длабини на апенинските стрмнини кон Ромања; јагулата, факел, бич, стрела на Амор кон земјата кајшто сал нашите бразди и суводолици на Пиринеите водат до рајот на оплодувањето; зелена душа што бара живот таму каде што е сал апеж од жега и тага искра што вели сѐ почнува кога изгрева стебло исушено и јагленосано; божилак миговен, двоглед внесен меѓу твоите клепки и блескаш неизвалкана меѓу синовите на човекот, потонати во твојата кал: зар можеш ли ти да не ја сметаш за сестра?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Кога го виделе големиот пламен, дотрчале и луѓето од Езерец, но не можеле ништо да сторат: ветерот што дувал сѐ повеќе го распалувал огнот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тоа интересирање може да се доведе во врска со (како корозија) гадното абење на уметничкиот јазик, кое Дишан го признаваше откажувајќи се од „сликањето“, заплеткувајќи ги сѐ повеќе традиционалните конотации на уметничката постапка и стремејќи се кон (менталниот и оперативниот) постојан „развој“, од онаа страна на зачмаените и утешителни „суштини“ за „делото“ како објект.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Одеднаш видикот ми го разубави една тешка бела мачка, ишарана со жолтопортокалови дамки, која лежерно се прошета по верандата и седна на скалите, вртејќи ми грб и гледајќи го истиот пејзаж како и јас.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И сега, кога ги следам пред овие идеолошки водичи на Атеистичкиот музеј во Скадар, тие сѐ повеќе ми личат на видените дервиши во детството, сега како вистински црвени идеолошки дервиши на новата вера кои по наредба или според болно соживување се предаваат на реторички оргии сакајќи во нивниот транс да го искоренат стариот бог од луѓето и да ги натераат да го прифатат новиот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Еве, сѐ повеќе луѓе се интересирале за неговото сликање, а тој не отвора изложби секој ден; доаѓаат луѓе и од странство, бизнисмени, мецени, имбецили, можеби некој ќе се заинтересира и за него, ќе посака да му наѕре во ателјето што слика, може нешто и да купи, тие се парајлии, што е за нив некоја илјада долари или марки?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Се задлабочив малку во сопствените мисли, полека и незабележано се замелушував сѐ повеќе и повеќе.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
А дуќанџиите сѐ повеќе го испитуваа за градителот и за неговиот живот и сѐ повеќе се чудеа и не можеа да прежалат што не го гледале подобро и повнимателно додека минуваше по вишеградските сокаци.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Борбата сѐ повеќе се разгоруваше и колку повеќе се разгоруваше толку повеќе се оддолжуваше.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Спротивно од него, мајка ми, и не сакајќи кога одеше в чаршија или по некоја од службите во градот, својот македонски наместо да го проткајува со бугарски, како за инает, но всушност неконтролирано, почнуваше да зборува - со српски примеси.  Низ градот сѐ повеќе се расшетуваа луѓе со жолти ѕвезди по палтата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сѐ повеќе и повеќе заличувала на фреска која оди, исчадена и потемнета од времето, од годините.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
141. Во последно време во бугарската наука сѐ повеќе се протежира теоријата за хунско-алтајскиот карактер на Протобугарите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Што повеќе времето одминуваше, стравот сѐ повеќе растеше, плачеа децата, рикаше добитокот, биеше камбаната.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
По неговото заминување, нејзе повторно ѝ се поврати главоболката, нервозата, несоницата и одново полнејќи се со јад и гнев, фрлаше искри од очите, крикаше како птица грабливка, се загалцнуваше на пола збор од лутина и сѐ повеќе го повраќаше поранешниот изглед и држење облекувајќи се во панталоните и чизмите, во елечето од кучешка кожа и плускајќи со камшикот и сѐ повеќе стануваше несреќна и зла.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Дождот сѐ повеќе се засилува, но Богдан не станува од клупата под борот, пробивајќи се низ короната му паѓаат јадри капки на главата и плеќите, му ги пробиваат алиштата и му ја влажнат кожата ширејќи му благи трпки по телото.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Морав да бегам. Бегав низ ливадата, а тие сѐ повеќе и засилено врескаа и трчаа по мене.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Нашата загриженост за неговото здравје сѐ повеќе раснеше, и не забележувавме дека Хајнерле од ден на ден сѐ повеќе слабее, температурата на челото ја сметавме за дел од возбудата заради промената на средината, кашлањата за дел од настинка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ветрина навевува сува студенина и сѐ повеќе стега мразот во студенливите повеви на северњакот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сѐ повеќе остававме душите да ни ги разјадува лишајот на оттуѓување од сѐ што е човечко во нас и околу нас: туѓиот грев, или нешто што е повеќе споулавеност и очај отколку грев, ни влечеше кон загатки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ги чекаше аџи Герасим службениците и чаушите, ама накитот од вратот и прстите на жената сѐ повеќе се намалуваше, и кога ибн Бајко се наведна врз дупката да види што се случило таму, пред очи му излета една белегзица право во рацете на воскарот, летна како оцет да испарува и ја снема.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Некоја надеж дека ќе поживее и ќе се исправи од јагнешки кожи крај огниште да се одмаздува со нова крв во жилите го движела висок и со прерано изгорен тил од сонце.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Колку што повеќе настојуваше да го оправда постоењето на Атеистичкиот музеј, тој сѐ повеќе ми наликуваше на своевиден концентрационен логор на душите...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не можејќи да најде, му идеше помислата да се врати најпосле дома в село, да заврши со овој скитнички живот што го започнаа со Којо Пипилето, работејќи најпрво како ѕидарски работници во родното село, па и во соседниот град, па во други градови, оддалечувајќи се сѐ повеќе од родното место, како реки што одат во спротивен правец.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Момата вриснува, се фаќа за долгичкиот мистериозен предмет, а тој сѐ повеќе и повеќе се издолжува над површината на водата, повлекувајќи ја нашата хероина нагоре во височината...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Се разбира, мислев на сè она што веќе го спомнав: на гласовите; на претрчувањата; па дури и на сите оние коридори што одвреме навреме заличуава на темни сокачиња од некое не осветлено гратче.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тој поослободено се вслуша во неговото збамборено раскажување за родниот Дубровник, и колку што тоа напредуваше, рибарот стануваше сѐ повеќе заинтересиран, небаре наскоро и самиот ќе отпатува таму со карванот на Марин Крусиќ.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Првин се појави кај обајцата сомнежот дека терминот турцизми за заемките не беше идеален за употреба, но тие, сепак, по некоја туѓа инерција навикнале на неговата употреба.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сѐ повеќе мислеше дека станува никаквец. Што сега? се прашуваше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сѐ повеќе станува јасно дека Олга Наумовска со своите песни, стреми кон нови значења што ја потсилуваат моќта и вербата, а во себе носат пораки и вредности неопходни за секој човек.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
ДЕПА: (гледајќи во Пандета кај што се тресе). Леле, леле, не престивнува, сѐ повеќе и повеќе си врне.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
„Не знам дали сака и колку е спремен да се бави и понатаму со проблеми од животов“, ѝ реков и побрзав да го засолнам погледот, да станам дел од божемната натажена отсутност и на другите присутни; дури и рамениците ги поткренав, како да се чудам зошто немам јасен одговор и на најобичните прашања што за жал сѐ повеќе се множат, се множат.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И за сето време после, додека гледаше како месецот се изгубува зад белиот раб на шумата, а неговата месечина сѐ повеќе ја сменува една залебдена, синикава заискреност негде под самото небо, која беше денот, увиснат високо над земјата и зачекан да стапне на нејзината поврвнина, Змејко сѐ повеќе стануваше свесен за онаа празнина во неговата внатрешност, што му стоеше препашана како болен појас по целиот стомак, од која и устата и грлото му беа суви и полни некоја запечена горчина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше студен, студен, студен и тој студ сѐ повеќе ги потиснуваше бескрајните лета, со нивните зелени факели и бронзени сонца што го ослободуваа, топејќи го зимскиот оков.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Сѐ повеќе се созема Глигор и сѐ поубаво се бистри во неговите очи девојката.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Наметнато од повисоки структури од претпријатието „Центро“, главната идеја беше, што побрзо, да се „елиминираат“ вработените од фирмата, по доброволен пат – во- ведувајќи ја франшизата, кадешто новооснованите фирми ќе ги преземаат дотогашните вработени во „Центро“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Гледав во тоа искуство што сега беше огромно зажарено брдо, планината што ја испушташе вжештената топлина наоколу, а сите само се оддалечуваа од таа топлина која освојуваше сѐ повеќе и повеќе.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Доаѓам петок стоп чекај ме мост. Кој мост?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Како што гледате, времево сѐ повеќе заладува. Горе е паднат и снег.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И како што одиме, сѐ повеќе се наоѓам и јас крива.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На Фимка сѐ повеќе ѝ се чини дека гласот ѝ е познат и, гледајќи ја девојката од оваа оддалеченост, таа се чуди и не може да се изначуди, та се прашува, зошто ли токму неа, непознатата ја вика и упорно ја довикува?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И така, сѐ уште клечејќи, на подот ја посла црната шамија, ги рашири рацете и зареди: - Ристеее, чедо, стани, Ристеее...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Работните услови во АД „Охис“, на почетокот од вработувањето, беа релативно добри – за потоа, во текот на транзицијата, да почнат сѐ повеќе и повеќе континуирано да се влошуваат: на пример, вработените немаа ниту греење, ниту ладење – па зимно време работеа на температури под нулата, а на лето беа принудени да ги поднесуваат жегата и пеколните горештини; мензата која порано одлично функционираше сега е затворена и сл.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Потоа додаваме сѐ повеќе и повеќе комплексни податоци во системот.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
На секоја станица, заедно со патниците, влегу­ва­ше сѐ повеќе кал - дрвените ребра на подот ја стружеа од затестените пен­чиња.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Сегментација на 118 Joe Goss, “The ‘Magic of the Mall’: An Analysis of Form, Function, and Meaning in the Contemporary Retail Built Environment,” Annals of the Association of American Geographers 83 (1993):18. 119 Naomi Klein, No Logo (London: Flamingo, 2000), 194. 101 пазарот станува „водечки принцип на оваа мешавина од комерцијална и граѓанската активност“.120 Како резултат на тоа, клупите сѐ повеќе се отстрануваат од улиците во големите градски центри, не само за бездомните лица да ме ги користат како место за спиење, туку и за да се спречи одмор без потрошувачка.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Во последно време тој сѐ повеќе размислуваше над молбите и над списите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но, знам, кога сонцето на запад ќе сфали, треба дрва да се зберат и треба жената да ми ја испере кошулата, треба да се чисти пајажината што сѐ повеќе се фаќа во појатите на душата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Смогот од тавчето сѐ повеќе испарува и, испарувајќи, согорува.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Но, задкулисните игри не изостануваат никаде, па ни во овој случај – што е и сосем очекувано и не треба многу да нѐ изненади.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Од страница до страница животот на бездомничето сѐ повеќе ме возбудуваше јас полека заборавав на луѓето околу себе и се пренесував меѓу оние деца-ајдуци меѓу кои несреќно западнал Твист. Жално читав.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Над нив уморно се влечеа мрзливи облаци; сонцето им поставуваше врели, боцкави пречки но нив ги распнуваше болка на згусната влага; се слечеа и ги параа своите шавови на секој зрак, а земјата, споулавена од жед, притаено ја исчекуваше нивната милост. „Тој не е слаб“, извлече жегата непознат пркос од Јана. „Не, тој не е слаб.“ Иван првпат насети во себе некоја непозната и чудна врелина од што неколку запци во неговиот механизам закрцкаа. „Ти знаеш - не е слаб, нели?“ „Не ми веруваш?“ го измери таа; сѐ повеќе мислеше на тој Отец Симеон. „Ти верувам.“ А чудото од осмиот рид му шепна - не верувај, докторе.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Станувам сѐ повеќе таков поединец, кој претпочита да проба, да вкуси, со еден збор човек кој првин ќе ја испита стоката а потоа ќе ја одредува нејзината вредност.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Арсо паѓа во некаков опасен транс, лудило што не знае за мера и граница. Тој сѐ повеќе се дразни.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ми гази по душата и сѐ повеќе ми тежи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
3. Наспроти рационалистичките и функционалистичките вредности на Модерната, сѐ повеќе се соочуваме со фикциски, емоционални, сензуални, иконографски вредности.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Барем сега, додека сум во собата сам, можам слободно да заклучам дека сѐ повеќе наликувам на оној наш Кочко, партизанскиот песнопоец.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Секој третиран турцизам за нив отвораше нови хоризонти во расветлувањето на односите помеѓу луѓето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Од плевната ништо не се гледаше: пламенот сѐ повеќе лижеше наоколу, не оставајќи никој да се доближи.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Можеби поради неколкуте соби и, воопшто, големиот простор, за разлика од оној во шаторот, сѐ повеќе го чувствував отсуството на мама.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Наместо да оди работата на подобро сѐ повеќе се влошуваше. Почна да излегува и да пие алкохол.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
И сѐ повеќе и поодредено го сеќаваше блиску до себе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А Анко сѐ повеќе ја потпираше и зацврстуваше куќата да не падне: редеше сѐ подебели потпирачи за да не се шират пукнатините, правеше потпорни ѕидови и го зацврстуваше долниот кат на куќата, ги прошируваше темелите.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во тие денови, разбирливо, како жена, јас сѐ повеќе сеќавав за што станува збор.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Арсо сѐ повеќе губеше стрпливост. Овој брбливец го заморува И му беше здодевно.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Повеќето поранешни работници искрено се понадеваа дека конечно на нивната немаштија ѝ дојде крајот кога фабриката, сега преименувана како „Вел Порц“, повторно почна со работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ели сѐ повеќе го чувствуваше отсуството на мама и често и долго плачеше по неа, просто тагуваше.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Како што болеста сѐ повеќе му стежнува и го истоштува, така сѐ повеќе запаѓа во соништа што го измачуваат: шета на улиците на Виена; воздухот му носи опојни мириси на леандер, орхидеја, зумбул, рузмарин.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Не можете да изберете дали да надградувате или не, морате да го сторите тоа, дури и ако не ви се допаѓа, зашто технологијата е нешто во што стануваме сѐ повеќе и повеќе вовлечени.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И како што тој ги полнеше бокалите, и како што течноста во бочвата се намалуваше, така Милан сѐ повеќе го ценеше преостанатото вино во бочвата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сега не беше младич, но она ластарестото сѐ уште ја оптегнуваше неговата тенка, пегава става во излитена англиска блуза со боја на пожолтени дабови лисја, а Змејко немаше време да направи ниеден чекор кон таму, кога оној веќе стоеше до него, во средината на таа група крај колите и тие си ги тресеа рацете еден на друг со онаа наеднаш повторно родена жестокост, која сѐ повеќе растеше и стануваше пак дива и разврескана во нив, продолжувајќи сето време да се потчукнуваат по рамената, уште пожестоко, а денот дури сега навлезе во неговите очи и го заслепи, просто го исполни сиот, така што тој сега речиси сети како е тесен во себе за да го прими тој убав планински ден наоколу, додека некој од селаните крај него рече: „Змејко е печен, вечер се запишува в Задруга“, а тоа сега воопшто не беше важно, беше толку далечно од него, како да било во еден сосема подруг живот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На припекот полека но сѐ повеќе цокулите отежнуваа, телата им се потеа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Нашата тврдоглавост сѐ повеќе се оклопуваше со бездушност.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
По патот најпрво се зачу брмчење, кое сѐ повеќе нараснуваше, а потоа на кривината се покажа камион со неколкумина Германци.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тој, чувствувајќи дека таа сѐ повеќе се отуѓува од него, та кога ќе седнеа на масата да јадат и кога ќе го почувствуваше присуството на Богдана на масата, ја брецнуваше чинијата со јадење и стануваше да не го чувствува во близина.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
По оваа работничка голгота, се чинеше дека доаѓаат подоб­ ри времиња кога за оваа веќе пропадната фабрика се најде 249 заинтересиран странски инвеститор2 од Австрија [всушност, тоа беше наш македонски гастарбајтер од Виена кој имаше велешко потекло и – дали поради носталгијата, навидум, сериозно беше „загреан“ и сакаше да вложи во рестартирањето на фабриката].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сѐ повеќе стануваше свесна, дека нема уште долго да издржи во оваа куќа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тој смисли и можна типологија на подрачјата со најмногу заемки, без да го извести за тоа Камилски, кој исто така трагаше по излез.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Веста бргу се рашири, дојдоа од градот, од власта, се собираа луѓе и од други села и веселбата сѐ повеќе и повеќе се зголемуваше: се пиеше, се јадеше, се колеа јагниња, прасиња, се влечкаа бинлаци со пијалок од куќите, се тркалаа бочви со вино по сокаците; ечеа свирки и песни, клокотеше селото.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
- Немој, викал другиот и сѐ повеќе ја пикал главата во кожите. - Јаков ќе е татко и на деветто дете.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој на почетокот повеќе како да сакаше да задоволи некаков каприц на Камилски, кој беше во духот на времето, односно на XX век кога по пресметката со Османската Империја, сојузниците (Англија, Франција и Русија во прв ред) и новите- држави нации на Балканот сакаа да го искоренат и цивилизациското наследство, но, како што обајцата увидуваа на примери од нивната мисија, тоа не беше лесен процес со согледливи резултати!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И кога толпата сѐ повеќе навалуваше, тогаш закракаа два пушкомитралези и над нас засвиреа куршуми.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сѐ повеќе се стемнува синиот хоризонт на зборовите.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Се прашуваше и не можеше да одговори, за што сѐ повеќе стануваше непознат и за други и за себе, со нешто недовршено зад својата црна и лута кожа.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Предавството цутеше во домот, сѐ повеќе и повеќе предавството стануваше примерна карактеристика.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ова тврдење постојано методски го мелеа и сѐ повеќе распалуваа колективна омраза кон човекот за кого сме пееле песни, сме го славеле и за земјата која прва ни подаде рака, нѐ хранеше, нѐ вооружуваше и ни ги лекуваше раните.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
119 Иако трговскиот центар сака да се легитимира себеси како вистински центар на заедницата, заедницата што тој ја создава е исклучива по социо-економска линија: несаканите урбана групи како што се бездомните лица и сиромашните немаат право на влез.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Токму ова му се случи на Јаневски. Имено, тој работеше во новото претпријатие извесно време – до октомври 1994, но, од ден на ден сѐ повеќе и повеќе, лукративните капацитети на фирмата опаѓаа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Фјодор е сѐ повеќе во воздух; имено, неговите лебдеења се се подолги.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Доследно стоиш пред земскиот бог го следиш твојот неприкосновен идол идол кој уништи иљадници животи и сѐ повеќе наликува на ѓавол
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Полемиката сѐ повеќе се вжештуваше, на едната страна остана непомирливиот Спироберг, а на другата сите приврзаници, други научни авторитети, за прифаќање меѓународен вештачки јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сѐ повеќе и повеќе се вртеа во круг на исто место додека некои не им пријде да им рече дали мислат да ја престојат ноќта.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Како и да е на една опитна и достоинствена коала Која била на аудиенција и кај Римскиот Папа Секако ѝ прилега да верува дека толку време не сонувала попусто Сеедно што севезден се распространува општењето во здрав разум И што еукалиптусите сѐ повеќе се наврнати од кисели дождови.
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Синот на Тајко гледаше како разубедувањето што го применуваше повредениот бег, беше очајнички чекор на нељубен маж, но сепак кај него болката секој ден сѐ повеќе растеше.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Но тоа не одеше така лесно.  До август триесет и третата, траеше нивната солунска идила.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се плаши да отвори прозор за да Фјодор случајно не одлета над стреите Келнски и да не се насука на врвот на Келнската катедрала каде што живее малиот но недопирлив бог на рационалноста и мајсторството, кој е многу кавжлив и терсене иако има долга бела брада како Дедо Мраз.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Навистина, по Големото стакло, Дишан сѐ повеќе се оддалечуваше од концептот за дело кое претставува грижливо разработено произведување на објект, со цел да им се посвети на низата несредени постапки кои во минатото биле сфатени како вистинска провокација или глупост, кои се својствени за дадаизмот; но, дури и овие постапки, по мое мислење, се здобиваат со одредена „смисла“ во рамките на алхемиските или другите (помеѓу филозофските и научните) кодекси. 198 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Длабеа тие по тој одвај проретчен врнеж натаму меѓу стеблата, две црни прилики, две црни топки, една по друга, сѐ повеќе личеа на сенки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дождот сѐ посилно туриваше, а луѓето, како за инает, не бегаа; колку тој посилно заплускуваше - толку тие сѐ повеќе излегуваа од куќите.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сиот вилает, сиот Балкан, станувал сѐ повеќе прогонета волчица скучна од сомневања дури и кон својот род и пород, бил скаменето животно со душа благословувана само од пеколот - се раѓа на камен, живее на камен, ги лекува раните на камен да биде еднаш живот или вечна смрт; лежат кратовските кули на беговите врз прастар вулкански кратер и лежи на ист таков кратер Лесново со својот манастир, истината лава се купите и излеаноста над Мрежичко под Кожув, над Добро Поле под сенката на кајмакчаланските облаци и на Стара Чука кај Стојаково во Гевгелиско, во преспанските води се огледува со тага варовитата Галичица, Крушово е камен на камен; бегале пред исламски зулуми Мијаците од Дебар, оние од Река и Власите од подалеку и кревале своја крепост, се криеле во ниски врби на смирени варовници и по прнари Брсјаците, но и едните и другите, и исто толку и многу повеќе господарите, ги секле шумите, се градело, се горело, им се носел лисник на козите, потоа од планините се урнувале порои скрка и ги покривале неговите житници, на тој лом да се множат жолтогрлени гуштери и црни скакулци со тешки утроби - се шират степски и пустински површини, земјата уште само со прнар се закитува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И на невидено потпишуваат! А што да прават кутрите?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во новово време сите сме на работ на нервите и живеачката сѐ повеќе ја доживуваме како синџир од неуспешни реформи во кој ни се препелка чекорот кон лесно ветената иднина.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Беше свесна дека родителите секојдневно и сѐ повеќе ѝ го одземаат.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
XIX Како што наближуваше учебната година со која Богуле требаше да го заврши училиштето, така Мил сѐ повеќе го задржуваше Богулета кај себе во лабораторијата, не оставајќи го многу да се шета со другарите, да го губи попусто времето, туку му даваше нешто да работи во лабораторијата, да го упатува постепено во науката, објаснувајќи му по нешто што е достапно и разбирливо за Богуле, да му ја потпалува фантазијата и желбата за наука.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Но откако зафати војната, на луѓето умот сѐ повеќе им се сврти кон гробиштата; започнаа да ги оградуваат, да ги чистат гробовите од трње, пиреј, капини, глог, змиорики, повит; зафатија да се натпреваруваат луѓето кој подобро и полично ќе го уреди гробот на својот предок, на своите блиски и роднини; започнаа надгробни споменици од најличен камен и мермер да се прават.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Со текот на времето, со залетот на мислата и имагинацијата, својствена за големите автодидакти, размислувајќи за жилавото одржување и преживување на османско-ориентално-турските заемки, сѐ повеќе размислуваше да го заврши проектот за Историјата на Балканот низ падовите на империите, запуштен на времето, најмногу поради немоќта да се соочи со јаничарството и јазиците во долговечното османско владеење.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Таму надвор, зад прозорецот, - сѐ повеќе верувам во тоа – немирно минуваат некои подвижни сенки, а вистинските луѓе, вистинските настани се во мене, можеби млад сајџија во одајата на Времето, можеби висхитен старец со кутриот Овидие во скутот, што одново се храни од чудотворната хармонија на фантазијата.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Сѐ повеќе дупчест и ребрест, колскиот пат брзал кон бездна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Венче сѐ повеќе стануваше тажна, невесела; често ѝ навираа и солзи.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Доаѓаше и третиот распуст, третото мачно лето, кога Луција не ја гледав и по два месеца, оти одеше на село, кај баба ѝ и дедо ѝ, а јас сѐ повеќе губев надеж дека некогаш, кога и да е, ќе успеам да ѝ се доближам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Досадата од едноличноста на живеењето сѐ повеќе го притискаше, па Ц цврсто реши да ја прекине бесмислата на секојдневната рутина.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Сѐ до она утро кога повеќе не можеше да стане од креветот, а докторите неколку дена потоа му дијагностицираа милијарна туберкулоза.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа е свикната на овој мебел. Во овој салон е израсната, во него созреа, тука деноноќно вежбаше, дури и сега во него создава музика, додуша сѐ помалку своја, сѐ повеќе туѓа.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Постојано во главата ми се вртеше истата мисла: „Влегуваат на наша територија“, и заради тоа сѐ повеќе посакував да добијам пари од Холивуд и да направам еден филм кој “добро” изгледа, но ги носи нашите ставови.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
А утредента во исто време умре во рацете на еден фратар.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Токму тие пак, верувам, бидејќи наполно неразјаснети, и го одржале досега споменот за ибн Пајко, Бајко или Тајко, иако и самите, сѐ повеќе тонат во маглата на вековите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ме фрлаа сѐ повеќе, дрпајќи ме и викајќи од радост.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
XVI Меѓу луѓето сѐ повеќе се шират страшни гласови: Германците ќе го палеле селово.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Живеете кретенски, хипнотизиран, малограѓански полусон и чекате откровение, чудо, се подготвувате за големиот час кога вашиот живот конечно ќе започне, а сѐ повеќе се сомневате дека тој час воопшто ќе пристине.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Сѐ повеќе и повеќе му се чинеше дека тој куферчето во сонот го додал откако се разбудил...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Дека таквите непристојности немаат никаква тежина се до оној момент додека не остварам личен увид во материјалните докази.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Претставата се трудев да ја догледам, зашто очекував нешто понеобично да се случи, но тоа не стана, освен што сѐ повеќе, со сите свои интими на најчувствителното човечко катче, се разголуваше преразголеното човечко тело и анимализмот на снагата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ние сѐ повеќе учествувавме во Мајкиниот буџет, во нејзината голема, сега прв пат забележана хуманитарна мисија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Поради тоа сообраќајните органи ги заоструваат мерките за безбедност на патиштата по кои, од ден на ден, се движат сѐ повеќе и повеќе автомобили.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Како што, една по друга, се редеа нестабилните кралски влади во државата во која сѐ повеќе се завадуваа големите, така тие влади донесуваа прописи со кои им се стеснуваа правата на малите народи, особено на Евреите во земјата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се печеа на сонцето во жешко време, се пикаа еден во друг кога ќе застудеше навечер, се покриваа со ќебиња и мутафи кога ќе заврнеше дожд и стануваа жива вода; кога ќе заплускаа громови крај нив, се крстеа и го молеа бога да ги одминат; дење ловеа риби, ги следеа со очи облаците кои се згуснуваа и разретчуваа, го гледаа нивното престорување во некакви чудовишта и нагаѓаа ќе има ли дожд или не; го гледаа сонцето кое час се заплеткуваше во облаците, час подизлегуваше за да светне и да покаже дека е тука; ноќе пред за заспијат гледаа во ѕвездите, кои како што одминуваше ноќта, сѐ повеќе се намножуваа и стануваа поголеми и како да се спуштаа надолу; ја гледаа месечината која секоја ноќ се тенчеше и го изоструваше својот светол срп триејќи се од облаците; го слушаа секој шум на водата што во ноќната тишина јасно се разносуваше час потивок, чад посилен и по него дознаваа дали езерото ќе се вознемири или не.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Мислата и грижата за учителот се мешаше со гладот и непроспаните ноќи и сѐ повеќе ја убиваше и смалуваше.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Сѐ повеќе и повеќе клетки се здружувале и на крајот настанале рибите, па и ние, и сите ние сме од групи на клетки што решиле да се здружат за да си помогнат взаемно. Зарем не е така?“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Сребрената жица од милост и добрина, му се завиткуваше полека околу гушата, и колку тој повеќе наоѓаше оправдување за секоја мана на луѓето, и колку полесно им проштеваше, толку жицата сѐ повеќе се засукуваше и сѐ поблизу му се стегаше околу гркланот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Обемните обравчиња му се зацрвуваа сѐ повеќе и повеќе.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Откако почнаа вагончињата да се тресат сѐ повеќе и повеќе, од другата страна двајца војници почнаа да бараат легитимации.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Сето тоа ме истоштуваше сѐ повеќе и чувствував дека не можам веќе да стојам на нозете.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Турското господство ни ги пресече сите врски со нашата старина: Најтешко се одрази тоа на Македонија, како централна провинција, па затоа во тоа време кога кај другите православни Словени постепено се изработуваше писмениот јазик и правописот ние сѐ повеќе се обезличувавме и речиси сосем се откажавме од нашиот јазик како орган на литературната реч.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во постмодерната ситуација во која што доаѓа до губење на авторитети, може да се забележи „своевидна ‘несериозност’ на поединецот“, уште повеќе, може да се зборува за еден механички непетрифициран поединец или за идиосинкратичноста на поединецот („за карактеристиката на поединецот да ѝ се измолкнува на шемата на идеологијата, да ја негира нејзината претстава за неговата пластичност“).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Бидејќи по природа комуникативен, натпросечно за својата средина, на Миха му беа малку контактите со домашните, со колегите, пациентите и студентите, па бараше соговорници во театарските бифиња, во Клубот на писателите и Клубот на новинарите, одбегнувајќи го сѐ повеќе Клубот на пратениците, но затоа пак не му беше зазорно да наврати во некое маалско кафуле.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Патувањето со воз траеше два дена. Јас бев во возот кој сѐ повеќе и повеќе се одалечуваше од нешто што значи роден град, топол дом под закрилје на грижливите родители, милата сестра, роднините, пријателите…
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)