Така гледајќи, виде дека е селанец во селска кошула облечен, со бели гаќи и чорапи, а кога погледна поостро, го позна и човекот. Никој друг — туку овчарот Ристе Богоев.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тој се така гледа низ прозорецот во пејзажите, во бандерите што јурат.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
- Боже?! - рече Жино, држејќи ја чашата в рака и сѐ така гледајќи во Дејко.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
КЕБА: Право имаш, Спиро.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
НАЦА: (Исто така гледа низ другиот прозорец.) Чорбаџи Томче. Тоа ли е саат на две нозе?
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ВЕЛКОВ: Па што ме гледаш така? Што ме гледаш така? АРАМИЈАТА: Така гледам.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
14. АНГЕЛОТ МУ СЕ КАЖУВА ЗАТОА ТАКА ГЛЕДА - не Архангелот Михаил на смрт што вадел душа, ами некој од ангелите што блескаат ко веда процепувајќи го небото - бескрај да му внушат...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Таа седеше на платнениот стол, лижеше сладолед и читаше книга. Постоја така гледајќи ја.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)