така (прил.) - знае (гл.)

Отворено е широко поле за активност на сите уметници, отворени се сите благородни извори на инспирација, а ти од нив црпиш само фантомски измислици, надуени, пасквили, црно-бели плакати, памфлети, алегории, макар и со лични имиња. Така може секој, така знаат сите!
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Нивните животи се посветени на освојувањето на светот, но тие исто така знаат дека војната треба да продолжи вечно и без победа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
По еден час и Бошко Манев, кога дотрчаниот Танас му кажа, исто така знаеше што го чека зашто арнаутскиот обичај на сите им беше познат: кога некој ќе ти плати за сѐ што кај тебе јал и пил – тоа значеше дека има право да ти одмазди како што сака за она што мисли дека си му го сторил.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Знам дека се гордееше со мене, ама исто така знаев и дека е мајстор да не го покаже тоа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)