Влатко сѐ така лежеше наплеќи, со рацете под тилот, со рамномерно дишење...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Се истрча надвор, зеде една рогузина од чардакот и едно најискинато покровче, ги внесе дома, ја посла рогузината на женскиот кат, го зеде коритцето што ги капеше нејзините деца, го кладе зглавје надолу со главата (така лежат леунките по Мариово) и истрча долни крај кај јаслите да види што направи Доста.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Веќе месец дена така лежиме, наживуваме. Некои веќе можеме да одиме понадвор, сами да си вршиме измет.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)