Но, да се мине толкав пат, верувам дека ке се дојде до некаква вистина за тоа откритие: Што е тоа чудното во Трајанка што ја додржа здрава и жива сиве овие години, испреплетени со пајажина во која тук- таму беа заплеткани: болка, тага, мачнина, тешка физичка работа и што ли уште не.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Таму беше сестра му Руша. Гоце ја праша: - Руша, дома ли е тате?
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
А во куќата на Никола? Таму беше уште поголема радост.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Ги повлече вујко ми кој таму беше заминал уште пред Втората војна. Посетне тие го повикаа брат ми.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Мајка ми беше во Полска, татко ми во Грција (заборавив да кажам дека кога беа затворени во Лерин татко ми со браќата и снаата, татко ми не го пуштија од затвор, туку беше прогонет на островите во Грција и таму беше сѐ до 53 година ...ако е точно, не сум баш сигурна(!)... кога го ослободија живееше во Лерин, ама беше политички неподобен).
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
- Дали ќе биде тука синот? - рече старата и отвори. Таму беше огништето.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Мојот брат Марк имаше пријатели кои имаа тајно клупче на таванот на нивната гаража и единствениот начин да се стигне таму беше преку дрвените скали на ѕидот, ползејќи преку една тесна штица.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Нели таму бев? Нели гледав? Нели им се восхитував на другарите?...
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Акција, другари. Секавично ќе дејствуваме. На препад и - магла. Братот сѐ испланирал.“
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Не е важно дека јас не сум дошол на ред да корнам амблем од некоја кола.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
„Не е доцна, мајкин, за петнаесет минути сѐ ќе е готово.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Па, се разбира, од онаа возбуда поради нашата акција. Леле, кога мама би знаела!
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Бевме љубопитни и тргнавме по Љупчо. Скршнавме лево од главната улица, па десно зад големата зграда. Таму беа паркирани неколку автомобили.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
И навистина таму беа комитите, во „балкана", ама во кој „балкана" Турците сакаа да знаат и да ги најдат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Овие пак, по советот на Толета, ја фатија крајната точка од тој голем „балкана".
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Како ја откривте природата? На гробиштата, посетувајќи го гробот на старамајка, кога умре. На гробиштата и на скверот Лувоа, бидејќи таму беше моето училиште.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
„Таму бев испитуван повторно и останав на мојата приказна дека јас немам ништо со партизаните туку дека бив само пилот кој се обидува да избега од земјата.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Дали таму беше дедо Симон?
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Таму беше вирот со итрите пастрмки што толку го предизвикуваа Бојан.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Па кога разбраа дека го завршил факултетот и дека бара какво била работа, му предложија да конкурира за едно од испразнетите места во магазинот, при сè што за таму беше доволно средно образование.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
И весталките се чини таму беа и некому му ракоплескаа.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Но знам дека отец Стефан таму беше и дека ми се спротивстави; знам дека или јазикот или ушите на отец Стефан неподобни му се за душата негова, чиста и благородна, и дека ова недоразбирање е плод на таа неподобност.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Во весниците излегоа фотографии од дружината која го изведуваше обредот: таму беше, покрај сликата на Фискултурецот, и сликата на Луција.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тука, велам, беше големата дрвена порта, од внатре затворана со дебел лост, зад неа дворот, таму беше фурната, ваму скалите што водеа до вториот кат.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
- Таму беа... Крај на разговорот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Местото ми личи на откриен пазар... - Таму беа бараките.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Отидовме во Големата сала, таму беа расфрлани костимите кои ни ги беа позајмиле од Бургтеатарот, а кои стоеја неискористени затоа што сите сакаа сами да си ги осмислат облеките. „Еве,“ реков, „ова е за тебе.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Честопати одев до неговиот дом; ако беше ден – тропнував на вратата, ако беше мрак – погледнував дали има светлина зад завесите; но таму беше пусто, онака како што беше и во мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Чувствував како ме растргнуваат љубовта и омразата, и едната и другата ме водеа во очај, затоа што немаа каде да паднат: бев отсутна од животот на оној кому му беа упатени, а тој за мене беше поприсутен од мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Знаеш дека никогаш не сакав да бидам смешен,“ рече брат ми, држејќи го в раце костимот. „Знам,“ реков.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Дојде до барот и влезе внатре и таму беше малото путерче и го чекаше.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Леташе по воздухот во градскиот парк и за малку сосема ќе одлеташе, само со палтото се закачи за шпицот и од таму беше симнат со големи напори.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Се одликуваше со лекомисленост, сакаше да пее непристојни песни.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Тука мразот беше заискрено бел, исто како сребрената смеа на пената, а таму беше сосема зелен, како замечтаените самовилски вирови.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Таму го испратил главниот инженер за да подигне нешто тешко, или да ги истресе килимите, а таму беше и таа жена, таа коза, што се фрцкаше често по градилиштето со своите пењоари, или пак со градите испрчени напред под својата жолта блуза.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Наеднаш сѐ беше станато сосема матно, една матеж, во која тој сега продолжуваше неумоливо да тоне, увиснат, со рацете обесени под себе, исто како некој далечен дел од него да беше отпуштен некаде назад; сега таму беше одврзано она, што досега сѐ уште можело да го држи, тоа сега се разлабави и го занесе.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Чекореа надолу, одеа кон светот, кон градовите, таму беше нивната среќа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Но, се послала само непрегледна црна ораница која тука и таму беше ишарана со зелени сеченици на веќе подникнатото жито.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Таму беа секогаш на штрек да не бидат забележени од некој познат, но и од настраните воаери кои се појавуваа во мракот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
И ме имаше до пола, зашто до таму беше дозволено, а јас ги почитував непишаните норми што важеа тогаш.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Тогаш, во време газење лепешки, не беше згодно да се ѕирка во дворот на соседот, зошто нозете на жените им беа засукани догоре, до пушталките, па нивните бутови, обли и бели, зашто никогаш повисоко од колената не ги фатило сонце, дури до таму беа избрбешкани со лепешки.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Виде не виде, таму беше местото за дрва да бери убави. Стана дрваро, отиде.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- И дека таму беше истепано многу народ и шумата почна да оди.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Овде печатот беше голем и црн, со монограм Д.; таму беше мал и црвен, со војводскиот грб на семејството С.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
- И таму бев на сигурно па сепак се случи...
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Сѐ што гледаше кон таму беше соѕидано.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Тој е еден од оние единствени луѓе коишто негуваат најфини чувства и коишто не знаат за што било друго освен за пружање љубезност. Oskar Kokoschka Mein Leben, 1971 Благодарение на финансиската помош на Карл Краус, „Sturm” сега се појави како неделно списание за уметност и веќе во мај 1910 таму беше објавена репродукцијата на еден мој цртеж на Карл Краус, а наскоро потоа и цртежот на Адолф Лос, додека во следните броеви беа објавени моите цртежи за „Убиец, надеж за жените”, како и текстот на една моја драма.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Одевме во овие градови и пак се враќавме во Тетово.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
БОРБИ ВО КАЧАНИК, КОСОВО Првиот пат кога бевме во Качаник, таму беа само Албанци, немаше Срби, бевме сместени покрај патот и често на тезгере носеа мртви, а воедно и снопови слама.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Стигнав до подножјето, тука имаше и шума.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Кога дојдов се исплашив, не се гледаше ридот, ако тргнев десно, таму беа Германците, ако свртев лево, според претставата што ја имав додека го набљудував озгора местото.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Тоа беше добро место за криење, кога еднаш ќе стигнеш таму, но стигнувањето до таму беше многу опасно.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ѕидот што беше го ѕидал Симон додека таму беше Лена, се познаваше од далечината, наместа повисок, а на други места понизок, недозавршен.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Таму беше живо присуството на обајцата.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Беше повикан во Стамбол и таму беше невернички убиен.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Тате погледна кон прозорецот. Таму беа прострени сините вечерни ѕвезди, а на исток се издигаше црвената планета Марс.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
И таму бев, но за Сук можеби другпат ќе ти раскажам.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Таму го сретнав татко ти. Таму беше.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Нели таму бевме заскитани во разговорот?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
А сè таму бев обезбедил: и работа и куќа...
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Ќе се отргневме од овој проклет живот овде...“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Се фатив за џебот од панталончињата да проверам дали парите ми се сѐ уште таму: таму беа, проѕвечкаа кога ги притиснав.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Пребледев кога ми текна колку ќе ме кара.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Каде што се движеше тој - таму сè се сееше: се сееше семакедонското семе, таму беа традициите македонски таму песната и играта го следеа, таму обредите македонски живееја!
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
Каде што одеше тој - се мешаа културите: таму беа натпреварите таму поезијата никнуваше, таму размената на мудрости се случуваше!
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
Таму бев на Осми септември - јасно ми е каде се наоѓа. Новинарот се потпишал со иницијали.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Народната власт доѓаше во Отешево со лимузини, а пред тоа целото место, па и патиштата што водат до таму беа чистени, демек случајно народниот непријател да не излезе, па да ја види народната власт.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Таму беше отидена да изучува модерен балет, тап, и балет.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Татко ѝ сакаше таа да се запише во медицинско училиште.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Ако отидеше во медицинското училиште, татко ѝ ќе можеше да верува дека конечно заборавила, да заклучи дека е здрава и цела, и тој ќе можеше да спие без пилули.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
А во партизанскиот одред таму беше и Едо наш.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Девојчето и дечкото што работеа таму беа баш фини, па убаво си разговарав со нив додека го пиев кафето на шанкот.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Сите што ги знаев таму беа неговите роднини и пријатели.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Ама каде да се оди за никој да не ти пречи и никому да не пречиш освен во третиот дел од паркот, во близина на Вардар?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Право кон езерцата! Таму беше потивко, ама имаше многу љубовни двојки по клупите и во тревата, се прегрнале, се гушкаат, се бакнуваат, а нам ни беше непријатно да им се моткаме наоколу и решивме да ги оставиме на мира.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)