таму (прил.) - го (зам.)

Иако книгата на одговорен начин ги претстави сите опасности и ризици по здравјето, таблоидите распалија оган, обвинувајќи го Сандерс за промоција на дрогата „позната како убиец“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Беше поканет на Утринската ТВ програма, но таму го интервјуираа заедно со двајца нажалени родители, кои беа убедени дека нивниот син се самоубил затоа што користел Екстази.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
- Што сторивме! – велам, ама не знам дали ова овде или она таму го вели тоа.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Но сум бил и во Париз, тука подзастана и со особена нагласка продолжи да расправа дека таму го видел Рудолф Валентино, најголемиот љубовник на сите свои времиња.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Не, таму го задржа тактот и достоинството, пред неа не треба да ги крие емоциите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во тој начин на соопштување, Гита Корец со својата непогрешлива интуиција го препозна никулецот на една состојба што се развиваше како дива билка, како брзорастечки бршлен што во неа предивикуваше силен и неконтролиран страв.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Но таму го држи трговијата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Таму го најде Перета, зачуден, и кога се сретна со него и му ги пренесе добиените директиви, овој длабоко воздивна и промрмори преку заби: — Ах, Петре, што направија, од дрво нога, од камен глава да си направат; го фрлија народот во оган без време!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Нека добредојде сега и Бахтијарица, лели сме блиску до Дренска — му одговори Толе и нарача јадење за тој ден.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе ве испеча сете како глувци" — им се закануваше Толе на аазите и коџабашијата од кои го бараше јадењето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Четите ќе бидат на „Студената вода", утре таму го сакам јадењето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ти сега ќе гледаш што повеќе оружје да се внесе во народот, — беше последниот збор што му го рече Петре на Толета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но претчувствувајќи дека Бахтијар ќе ги насочи потерите по побегнатите кон север чети, тие не се задржаа во Крушевица; ниту Толе се раздели од Андона да прејде во својот „пашалук" преку Црна, бидејќи пред два-три дена таму го бркаа; но заедно со Андона се истави до селцето Вепрчани, на границата меѓу мариовските и дренско радобилските планини, та ако дојде некој зорт, да ги фаќаат нив, бидејќи тие не беа уште газени од потери.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Таму го видов своето ново лице.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Пак таму го сретна ликот на Јанте. За миг заборави на Драгана.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Пак она каде. Дома не му се враќаше, таму го чекаше мртовечкиот мир на куќата и истечените очи на мајка му.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А таму го очекуваше нешто што ни во најлошиот сон не му се беше присенило.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Една од најпровокативните личности на светската интелектуална сцена, за почеток ја имате во Маргина (почнуваме со едно многу пикантно делче од “Прозирноста на злото” кое на многумина ќе им ја подигне температурата; потоа, во избор и во фин, мек превод на Деспина Ангеловска следува спуштање со Кул Меморис; третиот есеј е од трета книга, “Симулации и симулакруми”, и веќе, во скратена форма, пред неколку години, беше објавен во “Студентски збор”, со уредничка ограда дека тоа што таму го пишува не се однесува на нашиот универзитет; го објавуваме пак поради слатката можност да речеме дека токму се однесува на нашиот беден универзитет); во следниот број (можеби!) тематот за Бодријар продолжува, а доколку имаме среќа, наскоро ќе бидат и неговите први книги на македонски...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Меѓутоа, поради сиромаштија, морале да прекинат и да бараат работа; Ина почнала да работи во некоја кафеана; таму била и танчерка и келнерка; таму го запознала и момчето во кое се вљубила, а кое ѝ ветило подобра работа во еден поголем град.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Иако машките и женските може, а и мора, да се појавуваат на музичката сцена“, напоменува Милер, „тие не се еднакво добредојдени на неа: исполнителката секогаш ќе има предност зашто за неа се смета дека ја претставува таа сцена, како нејзин знак, нејзинa чинодејка, нејзина суштина и нејзино величие; додека мажот таму го трпат под услов, со инфериорноста или со потиснувањето на сопствените дарби, да помогне да се воздигнат нејзините дарби“.283 Ако маж ја заземе сцената и си ја присвои, тоа ќе значи дека се откажува од своите машки акредитиви, како што бргу им се обелоденило на Фред Астер и на Џин Кели.284 Далеку од тоа дека го консолидира машкиот родов идентитет, чинот на појавување на сцената повлекува одредено количество родова беља за машките изведувачи – беља што, од своја страна, предизвикува низа сложени стратегии за нејзино ограничување и за справување со неа. ‌Она што важи за бродвејската сцена важи и воопшто за изведбените уметности и за самата изведба. (Иако не треба да ги пренебрегнеме и локалните варијации: Џон Клам нѐ потсетува дека „британските мјузикли историски се сосредоточувале на мажите, од Ajвор Новело и Ноел Кауард до Жан Валжан и Фантомот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мажите во нашето општество не ги повикуваат редовно на сцената за да се покажуваат или за да уживаат на очиглед од мешовити публики.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Далеку од тоа дека е неизбежна судбина за маж.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Стигнавме горе. Застанавме до граничниот камен и од таму го гледаме селото и не забележавме дека не поплати магла.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ние не учевме. Секој ден се собиравме на една лединка и таму го чекавме денот за да се вратиме дома...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се пикнавме во една плевна и таму го дочекавме денот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Работела како редактор, таму де, кај што се печатат книгите, вие повеќе знаете тоа како се вика, а и од таму го знае и татко ти.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Некои од нив, дури и кога се погледнуваат во огледалото, таму го здогледуваат Исус, Наполеон, или пак некоја владетелка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Другите луѓе, кои се обидуваат да ги разуверат во тоа кои тие навистина се, ним им изгледаат како завидливци кои не сакаат да им го признаат значењето, или како затапени суштества кои не можат да ја видат реалноста.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Штом македонската интелигентна емиграција се состои главно од такви лица што си ги имаат соединето своите интереси со Бугарија и се оближуваат околу бугарскиот кнез, којшто по ќеифот си ги клава и си ги симиња министрите и којшто може да постави за министри не само луѓе што имаат малку популарност сред бугарскиот народ, но и такви што воопшто немаат партија и се „независни“, т.е „и тука го клаваат и таму го клаваат”, – штом имаме луѓе што мислат оти главното достоинство на човекот е не чесно да му служи на својот народ, ами да итрува, т.е. да лаже и десно и лево, – тогаш природно е оти новото течење во развивањето на националното самосознание на Македонците нема да сретне поддршка во нашата емиграција во Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тој одамна избега од она што некои од неговите пријатели таму го сметаа за своја неизбежна судбина, оти отсекогаш знаеше дека таа земја повеќе е клетва отколку благослов.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Таму го затекнавме Тимотеј, чесниот верник и следбеник на Исуса, кој, откако се обрежа, го зедов при себе, та заедно учејќи ги верните христијани на она што бевме го договориле со другите апостоли и старешини во Ерусалим, продолживме низ Фригија и Галатија, славејќи го името Божје и јакнејќи ја црквата Негова на земјата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Таму го отпеа својот прв хит Миле воли диско, диско а ја коло шумадиско. Останатото е легенда.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
А немаше година откако се врати од Стамбол. Цел живот таму го помина.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Стигнавме навечер и веднааш ми раскажаа дека еден партизан од Кавадарци, мислам дека се викаше Крсто, дента пред нашето доаѓање, бил разнесен од мина и таму го закопале, а истиот ден кога пристигнавме падна друга мина и чудно, по вторпат го крена во воздух.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Наредија мажот што нѐ возеше во коњската кола да се повлече во аголот на десната страна од шталата. Таму го заклаа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Другиот ден, кажувајќи му на Евтим за вошката, се преселив крај него, а оној кој седеше таму го отерав во првиот ред, изговарајќи се пред класната дека сум висок и им пречам на оние зад мене.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Но таму тој се наоѓа против својата волја, таму го завлечкала до болест израснатата фантазија, ужасот од наближувачката средба со Барбашин.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
На враќањето Трајче мина покрај Петкова Нива. Уште рано таму го отера и врза да пасе коњчето Дорчо.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Кога стивна пукањето, Трајче брзо истрча десно од селото и таму го најде Дорча.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Фердинандус (Ferdinandus) таму го покажува Селскиот поштар (le Facteur rural), дел од антологијата на Некохерентните Уметности.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Впрочем таму го завршуваат својот незапочнат живот и многуте случајно заскитани зборови од неговиот потсетник).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Таму го сретнав татко ти. Таму беше.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Секогаш беа мистериозни во врска со тоа што таму го работеа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Имаше неколку ВЦ-а во Билиевиот оддел, лавабо и фрижидер кој секогаш беше преполнет со грејпфрут и оранж џус - луѓето на спид просто умираат за Це витамин.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Многу од нив сум ги видел во Сан Ремо, а малку подоцна се запознав со сите оние кои навраќаа - Ротен Рита, Мајорот, Бирди, Дачис, Силвер Џорџ, Стенли Желката и, секако, Поп Ондин.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Како со сонда допре до дното на мојава душа, во најтемните длабочини и од таму го извлече невозможното.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Чувства кои мислев дека не постојат, а сега секој миг живеам за да ти покажувам колку силно и искрено можам да сакам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Упорно гледав во минатото и таму го барав скриениот дел на сопственото постоење.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тоа што беше некогаш живо во мене, сега навираше и доаѓаше само во мислите како нешто далечно што никогаш нема да го имам блиску до себе.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- Од таму го купив првото пиво.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Е-е-еј... Е-е-еј... Мојот довик ги надлета зорите, се префрли преку планината, таму го позеде друга планина, трета, петта...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Некаде таму, далеку во котлината ѝ се пристори дека болсна светлина и таму го сосредоточи погледот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Таму го распарчила италјанската граната?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Де таму го организираше Кејџовиот концерт и тој тогаш прв пат ги виде Џонс и Раушенберг.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Тој малку тажно, или само мене така ми се причини, се насмевна и рече: - Кутриот Борис, постојано се враќа во своето детство, затоа сѐ таму го наоѓаат кога ќе се загуби.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Утредента командирот половина чета ја остави на бојните места, а другата половина ја подбра и слегоа прво долу во Сливница. Таму го викнаа кметот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
До таму го однесоа нозете на кои изгледа одвај се држеше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тој сигурно таму го изгуби здравјето и си отиде човекот по петелот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„... Таму, во тој затворот во Идризово, јас најдов и други познати, ама таму го најдов и ова струмичанчето Еда Бранов.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Марко го однесе Еда во својот стан во Скарборо и таму го внесе во една соба со голо душеме.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Таму го видов првото снесено јајце, првата заклана свиња и првото окозено јаре.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)