МАНОИЛ: И ти Темјано. Оди во спалната! Таму ме чекај. Не ми е ништо…
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Појди онаму, а таму ме враќаат назад.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Кога ми го прати писмото за да ја земам, а тој пес ја одвлекол дома си и таму ме рани, ми пиша дека ја држеле под клуч... (се бара во пазувата и вади писмо).
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Значи, кога помислив дека косата и уште незнам што друго од моите сопствености сторија обид да ѝ се придружат на молњата, главата си ја пикнав во дланките а потоа главечкум отрчав до Пребег за да се напијам вода и да си го повратам во живот сувото грло, но таму ме пречека оној матнеж и лудување на водата, што веќе ги спомнав.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Посакав да речам: Ете, олку од мене, свршеток на приказната, и ја кренав главата, погледнав кон Даскалов, сакав да го утврдам впечатокот.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Богами помислив: тоа планината тргнала да истече заедно со водите.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Зборуваш, зборуваш, а друг ни беше зборот.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Не сфаќам зошто токму таму ме оставиле и тоа пред портата на црквата, која и не постоела кога сум се родила.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Турчинот што го поседувал тој дел на полето по Балканската војна заминал за Стамбол.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Додека спиев со кројачки ножици ми направи кврц.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Настапував и во циркус но од таму ме исфрлија кога ме фатија како ја ограбувам циркуската каса.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Можеби некој таму ме очекува, некој кој ќе ме одведе и ќе ја одреди мојата судбина.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
По смртта на Сара, неколкупати ја посетив Клара во нејзиниот дом, но таму ме дочекуваше непријателството на нејзината мајка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Клара беше отсутна дури и кога Клара беше дома; јас ѝ зборував, но знаев дека таа не може да го чуе она што го кажував.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Да му речам на Луис Марија: „Да се земеме и да ме однесеш во Будимпешта, на еден мост каде што има снег и некој“.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Останува само Будимпешта, зашто таму е студот, таму ме тепаат и ме навредуваат.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Така ја започнав мојата кариера.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Јас работев во канцеларијата крајно несмасно и до денес не можам да сфатам, зашто мене таму ме трпеа шест години, мрзлив, јас ја гледав работата со одвратност и по секој повод спорев не само со благајниците, но и со директорот.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
За кого живеам јас, овдека, без никој никаде, велам, а таму ме чекаат децата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)