темно (прил.) - е (гл.)

Се изгубив. Овде е црно. Темно е.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Чувствував одвратен страв кога требаше да се враќам во Пасажот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Легнувам малку на клупата... Има ќумбе до неа... Добро е... Темно е...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сите пари за трамвај ги трошев на пиво...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Зарем не гледаш дека ноќ си, Лицето твое темно е, се смрачи. Духовноста ја нема.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Темно е, не се гледа прст пред око и само од време на време кога светнува секавица, Мече со ужас гледа дека се возат не на чун, туку на шаварно острово ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Станувам свесна дека ако набргу не најдам начин да ја сменам положбата, ќе пропаднам во бездната која нема крај. Нема дно, темно е.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
СИМОН: Како да одам дома. Темно е надвор.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Темно е пред мене, Патот дално далечен А занесот бесконечен, Светлината во мене Ја осветлува празнината Ме крева кон височината.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)