тешко (прил.) - тебе (зам.)

Тешко тебе, подобро не враќај се!
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
- Така е, троа е... одвај грст или шепичка...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Врви, врви жено - ѝ подвикна Кузе - а затоа што сакаш да ме поткупиш, тешко тебе.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Како вчера да беше, позади зелената трафика кај „Работнички дом“, го пропуштав првиот, па вториот, третиот автобус, додека мајка ми дома на ходник со будилникот в рака ме чекаше броејќи ги минутите... од 21 часот па натаму, со истата реплика: „Само ако дознае татко ти, тешко тебе!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Но тогаш дојце Таа, се колнам, во што сакате можам да ви се заколнам, ми рече: Што е, Леме, ти веќе не веруваш, тешко тебе, синко.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Зар беше тешко тебе снеможен да те стигне?
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Дрско и го зеде торбичето и, фрлајќи го насрана, му се обрати на Кузе; - Види од која барака е и да се казни. - Разбирам другар.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Крстовица воздивна, се навали на ѕидот и наведна глава.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)