Зашто, велеше, Акиноските му пишале дека Видан бил тешко болен, од офтика, и дека требало да диши чист воздух, како нашиов, како овдешниов.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И, после, наша крв е, додаваше чекајќи согланост од соговорникот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Веднаш си помислив дека некој е тешко болен или е на умирање и не дај Боже, да не умрел...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Сестрата, со сета загриженост, како спрема тешко болен, му одговорила: - 41 степен, господине!
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
„Се исправи без придржување, сама мина покрај нас, кои стоевме како ангелосани, и направи неколку чекори од ходникот до пијаното, огромно висока и непрепознатлива по неколкумесечното лежење во хоризонтала...“ ја опишува Марина Цветаева предсмртната средба на нејзината тешко болна мајка со пијаното.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Ти лежиш дома тешко болен, а јас морав да ги трпам нив и да одам на работа.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Го извади лулето од уста. - Што е? - Дедо Иван е тешко болен!
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
— Чув дека е тешко болен. — Ништо не му е сега.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Во одајчето на Димостен Пелагија си дојде на себе, ама само во однос на јавноста, дека била тешко болна од пренапрегнатост, од самопрегорност, а дека сега треба да го прикрива вистинскиот мотив од што била болна.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Сонува. Погледот му станал како кај тешко болен човек.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Бев во голема невола: ми претстоеше итно патување; еден тешко болен ме очекуваше во село оддалечено десет милји; силна снежна меќава го исполнуваше просторот меѓу мене и него; имав кола, лесна со големи тркала, токму онаква каква што е потребна за нашите патишта; завиткан во бундата, со ковчежето со инструментите в рака, веќе стоев во дворот, подготвен за пат; но коњот, коњот го немаше.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Вратата се отвори и се заниша на ментежињата, отворајќи се и затворајќи се.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)