Колку се надеваше, кутриот, дека ти ќе го продолжиш неговото останување! – прифати тивко Мајка. – И тој, да беше жив, сигурно ќе го одобреше нашето заминување.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
– На Чанга му ги оставивте? – Да ,на Чанга ? – одговори тивко мајка ми. – На Чанга, на Чанга... сите му ги дале козите на тој проклет прч Чанга... – процеди низ заби нервозно шефот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Шефот го прекори: Започни веќе еднаш со прашањата, нè чека голема работа, има многу кози во Козар маало. – Заедничката несреќа е помала несреќа! – изусти тивко мајка ми, повеќе за себе, но во тие мигови ние децата ја впивавме и самата тишина, па ги примавме и нејзините сигнали.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)