Но тогаш почна да созрева сомнежот дека науката бројните кодови само ги пројоцира нанадвор, значи дека станува равенка за природните закони, кои би требале да ја заменат самата природа.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Грижите на работата во Комесаријатот му го толчат мозокот и штом ќе има малку послободно време, мислите му се ројат како пчели во темна кошница и тогаш почнуваат неговите неиздржливи главоболки.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
- И јас велам така, - се согласува дедо Иван и тогаш почнува да расправа за руската силовитост во бојот, како го поминале Дунав кога ја ослободувале Бугарија: не знам колку илјади се издавиле, направиле мост од трупови за да мине другата војска.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
„Можеби умрела од нешто друго, Милан. Тоа се совпаднало кога Даниел го градел својот мост, и затоа тогаш почнале да се шират гласови дека тој ја заѕидал сенката на својата невеста во темелите на мостот. Знаеш како одат тие работи со луѓето.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
И така, како што сведочи еден негов биограф, житие што му сочини на Филозофот, „заедно со ковчегот го положија во гробницата од десната страна на олтарот на црквата Свети Климент каде тогаш почнаа да стануваат многу чуда.“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Види, бога ти, треба човек да умре, па дури тогаш почнуваат неговите познати да го откриваат неговиот карактер и празнината што остана.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Сам со своите мисли, додека дедо му се поздравуваше со дуќанџиите и муабетеше со познаниците, тој уште тогаш почна да го фаќа ритамот на градот.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
И тогаш почнав да го раскажувам оној сон кој ми беше зададен во „Љубовна напивка“: Сонувам како лежам во некој кревет.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Тогаш почнавме полека да ја насетуваме прекрасната вистина, односно причината за нашата тајна.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Сè додека Господ ни дава сила, ќе продолжиме да зашрафуваме челични греди, да ги редиме една врз друга, сè повисоко и повисоко, а по нас, ќе продолжат нашите синови, и никој од рамниот град Париз нема да дознае, обичните смртници никогаш нема да го сфатат тоа.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Сатурн не можеше да се ослободи од желбата да ја праша дали таму случајно живее некоја госпоѓица Марија. – Овде не живее никаква Марија – му рече жената.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Тогаш почна постојано да го бара по телефон, во почетокот на секои два или три часа, од шест наутро до доцна во ноќта, а потоа секојпат кога телефонот му беше при рака.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Како си можел буден да сонуваш?
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Тогаш почнале првите војни меѓу луѓето.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Една ноќ во пусти маки барајќи излез од непознат предел мустаќи нечии гледам густи таинствен во мракот некој беше седел се присетив тогаш почнав да опевам една падната шишарка постапката не беше умешна, точна се премислив веднаш песната ја ишаркав. 2001
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Тогаш почна самиот да се обвинува. Не требаше да избрза со писмото што ѝ го напиша... И со картата за пат...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
И секогаш кога ќе ја одвртам музиката, тој почнува да скока и тогаш почнува да ми паѓа малтер од плафонот.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Кога тој ќе почне да ја опишува надворешноста на човека, тогаш почнува квазифантазијата или тенденцијата. (На Марфа) Од слаткарницата пратија сѐ?
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Сега сам, на песочниот брег, по чудната ноќ помината со богословот крај шампанско и мараскино, се сети дека тогаш почна крајот.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Така е. Тогаш почна. Не дојде оној со очилата.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
И тогаш почна да се лизга.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Ми остана само да ја прифатам утешната препорака на моите.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Но сепак, уште тогаш почнав да сфаќам зошто никогаш нема да го напуштам буништето на кое бев најден.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Е, тогаш почна војната.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Од тогаш почнува традицијата на неговите појавувања во сопствените филмови.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Таа жена ми рече дека тогаш почнало да ѝ се врти во главата и дека сакала да се онесвести.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Не можела да ја усклади неговата изјава со она што самата го гледала. Тоа секако е прилично „влажен” изговор! Па, тој стварно тоа го направил.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Е, тогаш почнав да се подналутувам.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
КИРО: Тогаш почна војната. Ги зедоа Турците кога ме уапсија.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
И тогаш почнав да мрдам, да претам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Дури тогаш почнав да му го слушам гласот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тогаш почна да навалува на Михајло Горачинов.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И тогаш почна еден баражен оган, нов фронт се отвори.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тогаш почна да пелтечи. Му реков, имај убав живот, многу среќа ти посакувам и сѐ најдобро, а сега пријатно, од мене толку.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Тогаш почнуваат нивните долги, неми разговори. Се гледаат и си ги упатуваат мислите еден кон друг.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)