Полека се истетерави до кујната, офкајќи по пат за тоа колку ѝ биле проширени вените на нозете.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Го сврти погледот кон влезната врата која не беше најдобро осветлена и дури тогаш успеа да забележи две- три сенки зад стаклото што токму во тој момент се раздвижија.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Голтнав и дури тогаш успеав да издишам и да речам, - Ме гризна, нешто ме гризна по ногата, - а мајка му на Дино срипа да ја бара Маци зад каучот и да вика, - леле, милото мое, што ти направија, милото мое, - како јас да сум ја гризнала мачката, а не таа мене.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)