тогаш (прил.) - ги (зам.)

Всушност, тие едните на другите си беа публика. желката работеше во телефонска централа на некој евтин хотел, и обично делуваше од okno.mk | Margina #15-16 [1995] 113 страна.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Го менуваше хероинот за пласидил, а тогаш ги чекаше да се избодат и да се успијат.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тогаш ги објаснив своите магични софизми со халуцинација од зборови!“
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Поучен од туѓото лошо искуство, од тогаш ги избегнувам јаките зборови.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
А тогаш ги преврте џебовите де се раздолжи со домарот, си ги натовари насликаните платна врз легнатите ногалки, приседна на триножникот спроти домарот да се збогува со него како со домаќ ин, со голтка како причесна, за добар пат, а скорешно видување, па одвај го запали успаниот мотор на натоварениот карван и се спушти од прочистениот манастирски воздух во затестената магла на градот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
”, и дури тогаш ги пушти солзите да му протечат, како разбиени води под воденичен камен.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И тогаш ги слушна тажните гласови на пилињата, кои сами се фатиле во стапица.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Рози слушаше како звукот на рапавите и нерамномерни крикови на гавраните сѐ повеќе се оддалечуваа, и тогаш ги слушна последната анатема од Кети и веселото чуруликање на црвеношијките, кои ја споделуваа омразата на Кети кон гавраните и нејзините ревносни клетви секогаш кога ги бркаше од градината.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Оние што не ги бев видела дотогаш; оние на кои не се имав сетено дека постоеле во сите денови на војната; и се разбира најсетне, оние што можат да потрајат и подолго од еднодневна употреба.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Знаете кои беа нештата што тогаш ги сметав за необични и ретки?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога ќе кажеа дека разголувањето е “и неодоливо и неволно”, јас тогаш ги запрашував за тоа како наоѓаат време за разголување 10 пати дневно.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кога зборував со нив за ова тие ми рекоа дека можат да го добијат поривот дури и 10 пати дневно.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Најпрвин, помисли дека се рибари што се гостат по успешниот риболов, но тогаш ги здогледа пушките и редениците што им се сјаеја на градите.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Татковците тогаш ги беа собрале и копаа ровови и сечеа дабови, буки и борови и градеа бункери.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Од нив тогаш ги учевме тие песни и ги повторувавме и на часовите по мајчин јазик во тукушто отворените македонски училишта во нашите места и гласно ги пеевме и во домовите и на прошетките таму во туѓи места...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Изградени се високи згради, кои тогаш ги немаше.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тогаш ги запознава Никола Вапцаров, Венко Марковски и Тодор Павлов.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Татко тогаш ги удри воловите со прачка, ги потера и тие тргнаа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Патлиџаните тогаш ги јадевме така, зелени. Не чекавме да се зацрвенат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Вашата милост тогаш ги искла селските кози и и ги затна грчмаците на сиромаштијата со пресолена пастрма.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Јас тогаш ги сослушувам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Татко уште тогаш ги прифати смелите размисли на својот храбар сонародник Фаик Коница да трага по енигмите на јазикот, поттикнат да се бори за спасот и преживувањето на својот мајчин албански јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко тогаш ги откри битолските кадиски сиџили во вакафот крај една џамија и со наредба од највисоката власт беше назначен во Државниот архив на Народна Република Македонија, да ги толкува, подготвува сиџилите за објавување.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во истиот период овде беше вработен и професор доктор Климент Камилски, преживеаниот од Голи Оток, кому во почетокот не му беше дадена утврдена работа, па со познанството и зближувањето со Татко, голем дел од времето минуваше со сиџилите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тие тогаш ги креваат мрежите од длабините на морето, ги повлекуваат чуновите кон брегот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но што станува со ловците по успешниот лов?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Јас бргу те кренав, ми раскажуваше отпосле баба ми (јас не се сеќавав на тоа), а тој дури тогаш ги пушти другите волови да влезат.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Азра се штрекна, го фрли ножот преку масата, го избриша лицето со подлактицата и се загледа во челото на Ханка која токму тогаш ги подотвори очите и устата, како да сакаше нешто да каже и со очите и со устата, за миг ѝ се појави некоја чудна, необјаснива ведрина на челото, но одеднаш спласна, се затвори, ја снема.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Оџата кој раководеше со молитвите, тогаш ги подреди луѓето во три реда пред телото на умрениот, за да се молат за неговото спасение.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кога таа сосема се пресели на горниот кат, тогаш ги запозна со неа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Дури тогаш ги забележа еден од кадините гавази и мошне се препали.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
На една од паузите појдов на нивната маса да се напијам нешто (може ракија?) па тогаш ги продаваа ливчињата со броеви зад кои имаше секакви награди, ама главната премија беше три метра штоф за костум.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Засекот што му ја претставуваше устата туку се отвораше и затвораше и сигурно тогаш ги пребројуваше купчињата или сламариците или огновите што везден тлееја, и пред да го пуштеа прстите од решетката ќе слушнеа како прашува Борис Биџов, тука ли е? Тука е! му велеа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Постојана шега помеѓу мене и Бригид беше да се јавиме еден на друг и да си кажеме: „Здраво, почекај момент“, и тогаш ги вклучувавме касетофоните и трачаревме по неколку часа.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Кабаков тогаш ги задржува само фотографиите направени in situ, често со лош квалитет, темни и нејасни.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тогаш ги анатемисаа и тоа им остана до денеска.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
И точно, не видов кога парапсихологот- вентрикулист со својата вилушка ми ги трансферираше ко божја солза прочистените сигнали што доаѓаа од антените на атомската мравка...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тогаш си доаѓал.” M Не, туку тогаш ги набивав во шише, ко бродови ко краставици, моите стари пријатели Мижираб и Мирикул.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
А која година беше Виолета во Бејрут? - Мислам... 60-тата. - Е, шеесеттите, тогаш ги купивме нашите фиќа.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во Скопје и околината, најави спикерот, и утре ќе продолжи студеното време, со температури под –10.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
А долу тече Бистрица и мие, трие, глади, превртува и исфрла на брегот камчиња, а кога вода прибира сал малку повеќе, тогаш ги прибира во себе и одново ги прегрнува, ги мие, ги мазни и ги превртува, та превртува.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Така тогаш ги викаа командантите на одреди на ЕЛАС.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Анархијата тогаш не ме интересираше премногу - вистински се интересирав за неа последниве три години - така што многу луѓе кои сега ги познавам и кои имаат силни политички убедувања тогаш не ги знаев, но многу луѓе кои тогаш ги знаев сега развија политичка свест, како и јас.  К: Тие би можеле, како и младите луѓе во Италија. а мислам дека и овде тоа пред се ќе биде случајност, да уживаат... во неконвенционалното истражување.  Б: Не знам.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Луѓето вчудоневидени се свртеа кон неа и тогаш ги видоа двајцата распашани, брадосани бугарски војници што беа налик на сеништа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тогаш ги остава ножиците за кастрење на оградата и се враќа да ја направи поправката или да допише. Макар и само еден збор, една реченица.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И јас дури тогаш ги олабавив рацете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Без двоумење го одбрав Политичкиот смер и токму тогаш ги сфатив прстите на судбината.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)