Баба, првин преку својот син кој беше учел во Англија, на убав англиски јазик, му пишала на својот прв братучед Фетхи-беј Окијар, познат по прекарот Македонецот, тогаш амбасадор во Лондон, за намерата да патува во Цариград, да ги види, за последен пат, своите.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тогаш таа трагаше по последниот можен релеј до своите, преку својот братучед Фетхи-беј Окијар, тогаш амбасадор во Лондон, со цел да го префрли својот постар син повторно во Цариград, а потоа и помладиот син и ќерките.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Баба замина во 1937 година ненадејно во Цариград, според упатството на нејзиниот прв братучед Али Фети Окјар, тогаш амбасадор на Република Турција во Англија, за во една турска банка да ги подигне парите кои ѝ биле оставени со тестаментот на нејзиниот татко.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
На едно патување од Лондон во 1927 година ќе запре во Париз, за да го посети својот вујко Али Фети Окјар кој беше тогаш амбасадор на Турција во Франција.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)