Наместо тоа митрополитот молчи со свртен грб пред него. Карер реши да стане и да си оди. „Нема да им однесеш никаква листа на Германците”, го слушна тогаш гласот на владиката.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Таа тогаш глас не пушти: го гледаше, го гледаше синчето свое како восок пожолтнато во постелата каде што лежеше како да не верува оти умрело и потем туку ѝ шумнаа солзите како кога ќе прокапи вода од дупнат сад.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Беше тоа едновремено и болка и пизма, и љубов и гнев, во секој случај Карер почувствува едно силовито зрачење од ликот на високосвештеникот што и него го ободри и го исправи на столицата.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)